Мајка ја проџвакува храната пред да му ја даде на својот син (ВИДЕО)

Дваесетиедногодишната Алис Бендер го храни своето дете како птица, прво ја џвака храната, а потоа му ја дава. Со својот метод таа ги поделила луѓето кои го гледале нејзиното видео на ТикТок. Што мислите вие за ова?

0
519

Алис Бендер е двесетиедногодишна мајка која го храни своето дете како птица. Во видео на ТикТок таа открила дека прво ја џвака храната за својот син, во случајов јаболко, а потоа ја плука на масичката пред него. Десетмесечното бебе без двоумење ги јаде парчињата храна пред него.
Алис не гледа ништо спорно во нејзиниот метод, ниту пак некои луѓе кои ја гледале оваа снимка. Сепак, има многу повеќе луѓе што се згрозени.

@comingupfern

#momsunder25 #blw #10monthsold #lifeoffern #babyfern #fernapollo #crunchymom #eatmorefruit #veganbaby #frugivorebaby

♬ Sorry I dont treat you like a goddess – Peyton Eberle

„Така му ги пренесуваш бактериите од својата уста на детето“, вели еден.

„Има некои работи што не треба да ги споделуваме со светот. Ова е една од нив”, додала друга.

Бендер го следи методот на бебиња водачите за дохрана, чија цел е да го поттикне детето да јаде цврста храна, во нејзината оригинална форма, од првиот ден од нејзиното воведување. Ова значи дека храната не се меша со миксер или со блендер, туку се сече на помали парчиња и на тој начин му се дава на детето кое ја јаде прво со прстите, а потоа, кога е доволно независно, со прибор за јадење.

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]