Мајките кои ги дојат децата ги штитат од синдромот на ненадејна смрт

Доколку мајките ги дојат своите деца најмалку два месеци ги намалуваат шансите за овој синдром дури за 50 отсто, што се многу важни и добри вести со оглед на тоа што од 2007. до 2015.година само во Америка од овој синдром починале дури 3.700 бебиња

0
52

Во споредба со хранењето од шише, доењето има многу повеќе предности и е подобро за здравјето на детето, а многу е важно и за заштита на детето од ненадејна смрт.

Научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот Вирџинија дошле до сознание дека доењето е многу добро, меѓудругото, и за спречувањето на овој синдром. Мајките кои ги дојат своите деца најмалку два месеци ги намалуваат шансите за овој синдром дури за 50 отсто, што се многу важни и добри вести. Од 2007.година до 2015.година само во Америка од овој синдром починале дури 3.700 деца.

Истражувањето опфатило деца од целиот свет заради меродавност на резултатите. Научниците укажале на тоа дека дури и мајките кои не можат долго да ги дојат своите бебиња имаат можност да им обезбедат на своите деца адекватна заштита. Дури и бебињата кои не се доени два месеци, доколку добијат некоја количина на мајчино млеко, имаат помал ризик од овој синдром.

Иако научниците се уште не можат да кажат зошто доењето ја намалува опасноста од овој синдром, се смета дека причината за ова е влијанието на млекото врз системот за имунитет на детето, а мајките сега знаат кој е минимумот за доење на нивните бебиња.

loading...