Мајките кои изгубиле бебе  не сакаат да ги слушнат овие работи

Смртта на бебето е една од најтешките болки затоа што навистина не е фер што толку мало суштество никогаш не добива шанса да го искуси животот. Болката е голема дури и ако е тоа и најмалиот ембрион па затоа не ја тешете мајката велејќи ѝ: Барем не беше бремена долго време ...

0
856

Смртта на сакана личност секогаш предизвикува тешки чувства и многу често не знаеме да утешиме некој кој штотуку изгубил некого. Но, смртта на бебето е една од најтешките болки затоа што навистина не е фер што толку мало суштество никогаш не добива шанса да го искуси животот. Дури и ако е тоа и најмалиот ембрион.

Веруваме дека сите имаме некој кој за жал се соочил со такво болно искуство и веруваме дека е многу тешко да се најдат зборови на утеха.

Затоа, за да не згрешиме и да предизвикаме уште поголема тага кај таквите родители со погрешни зборови, најдовме неколку совети за тоа што не треба да им кажуваме:

  1. Барем не беше бремена долго време …

О, не, не е важно колку траела бременоста затоа што болката е иста. Многу мајки силно се приврзуваат за својата точкичка во стомакот дури и ако се бремени и само неколку недели. Ако мислите дека е полесно ако се случи порано – не е, затоа не се обидувајте да ја ублажите тагата на мајката со реченица како оваа.

  1. Повторно ќе забремениш. Секогаш можете да пробате повторно …

Родителите го знаат тоа и сами, околината не мора да им кажува. Тие само го сакаа ова бебе! И поентата не е во повторна бременост, мајки повеќе од сè  сакаат да родат живо и здраво бебе!

  1. Знаеш дека и нашата пријателка е бремена?

Се разбира дека го слушнала тоа. Па, и таа беше дел од друштворо сè до нејзината несреќа, па обидете се да избегнете теми за бебињата, барем на почетокот. Се разбира, тоа не значи дека ако честопати сте разговарале за тоа, ќе престанете да зборувате за некои нормални детски појави, но обидете се да бидете малку тактични!

  1. Кога ќе се обидете повторно?

Ако жената сака да зборува за тоа, верувајте дека ќе бидете информирани за тоа. На повеќето жени кои поминале низ толку болно искуство, тешко им е да зборуваат за тоа, а особено да одговорат на голем број љубопитни прашања. Значи, ако не сте имале и вие такво искуство, не прашувајте ништо.

  1. Вие сте млади, има уште време да имате бебе …

Мајките кои штотуку го изгубиле своето бебе сѐ уште се во жалост, и додека можеби вам не ви изгледа така, не е толку лесно да се замени едно бебе со друго. Бебињата не се играчки.

  1. Тоа сигурно нема да се случи повторно!

Ех, ако твоето ветување би помогнало дека спонтан абортус или смрт на бебе навистина нема да се случи никогаш повеќе, мајките веројатно би биле порелаксирани, но ова е секогаш реално можна ситуација. Затоа, не се правете  паметни, а што ако се случи повторно? Мајките сигурно ќе се сетат дека вие сте оние ​​кои рековте дека нема да се случи повторно и можеби овој пат ќе се чувствуваат уште полошо, како да се тие виновни за тоа …

  1. Бог сигурно го сакаше тоа бебе повеќе од вас!

Ова е реченица што никогаш, но никогаш не му ја кажувајте на некој што ја изгубил саканата личност, особено не бебе затоа што тие мали души никој, баш никој не ги сакал повеќе од нивната мајка и татко!

  1. Времето ги лекува сите рани …

Времето не ги лекува сите рани, времето помага само да ги направи лузните помалку болни. Раната ќе остане засекогаш, единствената работа што ќе ја направи времето е мајките да се навикнат на загубата со текот на времето.

Она што секогаш, може и мора да го кажете е – жал ми е, многу ми е жал. Дајте ѝ прегратка и топла, тивка поддршка.

И знајте дека сите сме многу различни луѓе и многу од нас страдаат на сосема различни начини.

И ако сте кажале вакви зборови на пријател, сестра, роднина, сосед, пријател, брат … во даден момент, не се чувствувајте премногу виновни. Само знајте за во иднина затоа што за жал многу бремености можат да завршат со несреќен крај.

Фото: Pixabey

loading...