Мајчинството е опасна професија!

Њујоршките лекари тврдат дека е во пораст бројот на мајки со повреди на носот кои им ги нанесле токму нивните деца, а за тоа го обвинуваат поврзувачкото родителство. Какво поврзувачко родителство... може детето само да ви седи во скутот, да се изнервира, да ве мавне неконтролирано со глава и отиде носот... затоа, не ги нервирајте децата! Ви се случило ли ова и вам?

0
135

„Мајките постојано доаѓаат поради скршени носеви“, рекол д-р Норман Ров, пластичен хирург од Њујорк кој смета дека заедно со „кенгурите“ (носилките за бебиња) би требало да има и предупредување, затоа што со нив децата се во идеална позиција да им нанесуваат на родителите болни повреди на носот.

Њујоршките лекари тврдат дека е во пораст бројот на мајки со повреди на носот кои им ги нанесле токму нивните деца, а за тоа го обвинуваат поврзувачкото родителство.

Иако многумина сметаат дека до вакви повреди доаѓа кога станува збор за малку поживи деца кои преживуваат изливи на бес, тие, сметаат овие лекари, се всушност последица од таканареченото поврзувачко родителство, односно, заедничкото спиење на родителите и децата и носењето на децата во „кенгур“.

Токму за тоа сведочи Александра Сове. Нејзиниот двегодишен син Хенри ѝ го скршил носот дури два пати.

„Беше тоа совршен семеен момент. Се галевме, се гушкавме и потоа неспретно, ненадејно ме удри во лице“, рекла Александра.

„Им дадов на децата сѐ. Ги родив со царски рез, имам подочници, но не мислев дека ќе ми го земат и носот“, се пошегувала таа.

Арно ама не се случува тоа само во Њујорк, туку и кај нас. И ако сега имаме модерни термини од типот на поврзувачко родителство и ако наеднаш се зголемил бројот на вакви повреди, може само да кажеме, бидете повнимателни.

Јас ќе ви раскажам како ми се случи мене тоа истото, иако тогаш ова не се викаше „поврзувачко родителство“.

Едноставно, седев на задното седиште од автомобилот и го држев моето дете во скутот. И да, беше прилично живо дете, во моментот плачеше силно и се бунтуваше поради нешто (кој уште се сеќава поради што) и наеднаш, неспретно ме удри со главата во носот.

Мислев дека нема многу други жени на кои им се случило ова сѐ досега, додека на наидов на овој текст. И не мислам дека е тоа последица од некакво поврзувачко родителство, туку од невнимание. Невнимание на мајките кои едноставно не очекуваат опасност од таа страна. Впрочем, кој би очекувал дека опасноста демне од главата на вашето мало сакано ангелче. Велам јас, мајчинството е опасна професија.

loading...