Мексиканска држава забранила продажба на засладени пијалоци и грицки на деца

Поради големиот број на дебели луѓе и генерално лошите животни навики, оваа држава донела одлука да забрани продажба на засладени пијалоци и грицки на деца. Колку често вашите деца консумираат индустриски сокови и нездрави грицки?

0
122

Мексиканската држава Оаксака ја забранила продажбата на засладени пијалоци и висококалорична храна (грицки) на деца, како мерка во борбата против дебелината, пренесува „Гардијан“.

Овој закон, проследен со големи казни и евентуално затворање на продавниците што би им ги продавале на деца, ги става засладувачите во иста категорија како цигарите и алкохолот.

„Важно е конечно да ставиме крај на оваа индустрија, која во голема мера ги охрабрува болестите кај нашите деца“, рекла Магали Лопез Домингез, претставувајќи ја оваа забрана.

Овој закон бил воведен пред повеќе од една година, а пандемијата придонела за тој конечно да се усвои.

„Нашето здравје е добар показател за тоа колку штети се предизвикани од конзумирањето на засладени пијалоци“, вели Магали Лопез.
Мексиканците истакнуваат дека еден од најголемите проблеми во борбата против коронавирусот е всушност нездравиот живот и лошите навики, кои вклучуваат пречесто консумирање на засладени пијалоци и закуски.

Мексиканците консумираат дури 163 литри од овие пијалоци годишно, што е најмногу во светот, а освен тоа и многу млади почнуваат со нивна премногу честа употреба.

Дури 73 проценти од популацијата на Мексико се смета за дебела, што е во тесна поврзаност со дијабетесот.

Фото: Pixabey

loading...