Менструални чашки: дали или не?

Нивното враќање е најавено како голема закана на индустријата за влошки и тампони, но иако продажбата на менструалните чашки пораснала, најголем број на жени и натаму имаат повеќе доверба во влошките и тампоните.

0
994

Менструалните чашки се флексибилни чашки кои се носат во внатрешноста на вагината во текот на менструацијата заради собирање на менструалната крв. Обично се направени од медицински силикон, а се популаризираат токму заради тоа што научниците за сега ги сметаат за целосно безбедни, а со нив значително се намалува и количината на штетен отпад кој настанува со користењето на влошки и тампони. Освен тоа, една чашка може да се користи 10 години.

Идејата потекнува уште од 30.години на 20.век, иако никогаш не биле многу популарни.

Првите се правени од гума, а денеска постојат во продажба и силиконски, како и такви за една употреба. Ги има во сите големини, форми и бои.

Кај повеќето жени менструалната чашка „лежи“ малку пониско од тампоните, а ако ја ставите правилно нема да имате непријатности.

Чувството е како да имате тампон, само што е потребно чашката да се чисти секои 10 до 12 часа.

Извадете ја, измијте ја, избришете ја со чисто пешкирче и повторно ставете ја. Чашката се мие со благ сапун и се стерилизира во врела вода на две минути кога ќе завршите со користењето за тој месец.

Иако постоеја некои приказни, како и за влошките и тампоните, дека не се безбедни, дека можат да предизвикаат инфекции, менструалните чашки остануваат на врвот од најбезбедни средства за хигиена во текот на менструалниот циклус. Не постои дури ни опасност од синдром на токсички шок како кај тампоните. Исто така, корисни се како и тампоните кога станува збор за пливање или за занимавање со спорт, а некои тврдат, иако не изгледа така, дека се понежни од тампоните, а и миризбата е полесно да се контролира.

Чашката е доста поскапа, но долгорошно се заштедува затоа што можете да ја користите и до 10 години. Некои жени сепат тврдат дека им е непријатна мислата за користење на оваа чашка, како и дека имаат потешкотии при инсертацијата. Што мислите вие, дали ги користите или оваа идеја ви е одбојна?

Фото: Pixabey

loading...