Мирисот на бебето предизвикува чувство на задоволство како кај зависност

Точниот молекуларен состав на овој мирис е непознат, научниците се сомневаат дека доаѓа од молекулите кои се наоѓаат во амнионската течност

0
180

Авторите на истражувањето, објавено во швајцарското списание „Frontiers in Psychology”, тврдат дека мирисот на новороденчето е толку моќен што е во состојба во мозоците на возрасните да предизвика силно чувство на задоволство кое е слично на она што се случува кај зависниците од психоактивни супстанции.

Но, тоа својство на мирисот на новороденчето исчезнува шест недели по неговото раѓање. Иако точниот молекуларен состав на овој мирис е непознат, научниците се сомневаат дека доаѓа, меѓу другото, од молекулите кои се наоѓаат во амнионската течност, супстанца која ја штити кожата на фетусот во текот на бременоста.

Иако акушерките темелно го бањаат бебето веднаш по раѓањето, трагите на молекулите остануваат шест недели на неговата кожа, а особено на неговата коса. Овој мирис има силен ефект врз возрасните и буди во нив чувство на огромна среќа и задоволство.

Тоа го потврдиле резултатите од експериментот во кој учествувале 30 жени. Од нив било побарано да ги помирисаат ќебенцата на новороденчињата, а со прецизните уреди кои се споени во тој момент, на сите ним, без исклучок, значително им била зголемена активноста во деловите на мозокот одговорни за создавањето на чувство на задоволство.

Фото: Pixabey

loading...