Мистериозна болест во САД предизвикува парализа кај децата

Децата заболени од оваа мистериозна болест ненадејно, речиси преку ноќ почнуваат да прикажуваат невролошки симптоми како слабост во екстремитетите. Не можат повеќе да одат ниту да ги користат рацете и потребна им е итна хоспитализација.

0
332

Досега непозната невролошка болест која по симптомите многу наликува на детска парализа сериозно ги загрижува родителите и здравствените стручњаци во САД.

Научниците веднаш се фрлиле на проучување на приините и на барање на можниот лек. Оваа година се забележани 66 нови случаи, но за болеста која го добила името AFM или акутен флациден мијелитис, се уште не е најден причинителот.

Децата заболени од оваа мистериозна болест ненадејно, речиси преку ноќ почнуваат да прикажуваат невролошки симптоми како слабост во екстремитетите. Не можат повеќе да одат ниту да ги користат рацете и потребна им е итна хоспитализација.

Лекарите веќе подолго време знаат за акутниот флациден мијелитис, но од 2014.година бројот на случаи драстично пораснал и не знаат по кој клуч се шири болеста. Од 2014.до 2018.година се забележани 386 случаи на болеста која ги зафатила децата во 22 американски држави. Децата не биле во контакт меѓу себе и кај нив не е забележан некој заеднички фактор кој би можел да биде потенцијален причинител. Затоа, причинителите на кои се сомневаат севируси или хемикалии и загадувањето од средината. Болеста го напаѓа нервниот систем и тоа р’бетниот мозок заради што децата не можат да и користат мускулите и ги губат рефлексите.

Иако се симптмите многу сериозни, болеста и натаму спаѓа во т.н. ретки болести (погодува 1 лице на милион). Сепак, родителите се преплашени затоа што не се знае како се пренесува болеста, што ја предизвикува и како да се заштитат децата.

Единствено упатство од здравствените институции во САД засега е родителите во истиот момент кога ќе ги забележат споменатите симптоми, детето да го одвеедат во болница.

Симптоми:

Губење на мускулниот тонус и на рефлексите во рацете и нозете

Опуштени мускули на лицето

Отежнато движење на очите

Опуштени капаци

Отежнато голтање

Отежнато зборување

Фото: Pixabay

loading...