Младите организираат Ковид забави, па се обложуваат кој прв ќе се зарази

Отпрвин, мислевме дека станува збор за гласини, но се покажа дека ова навистина се случува “, изјавил шефот на пожарникарите Ренди Смит на седницата на Градскиот совет во Тоскалоза.

0
211

Голем број на млади луѓе во Алабама го претворија коронавирусот во забава. Властите известуваат за неколку случаи на таканаречени ковид забави кои се организираат со намера луѓето намерно да се заразуваат едни со други. Покрај тоа што намерно ги канат луѓето позитивни за ковид-19, учесниците се обложуваат на тоа кој ќе се зарази порано.

„Во последните неколку недели, се забележува зголемување на бројот на забави на неколку локации каде доаѓаат студенти или деца, иако знаат дека се позитивни на коронавирусот. Отпрвин, мислевме дека станува збор за гласини, но се покажа дека ова навистина се случува “, изјавил шефот на пожарникарите Ренди Смит на седницата на Градскиот совет во Тоскалоза.

Членот на Советот Соња Мекинстри наведува дека гостите на вакви забави собираат пари во некој сад и му ја даваат целата сума на лицето кое прво ќе се зарази.

„Нема смисла. Тие го прават тоа намерно“, изјавила Мекинстри.

Во сето ова се вклучила полицијата затоа што заразените лица кои присуствуваат на вакви забави ја кршат регулативата според која во случај на зараза е задолжителна изолација од 14 дена. Кој не ја почитува, се казнува со 500 долари, известува каналот WSFA12.

Во Алабама моментално има 38.962 потврдени случаи на коронавирус, а 972 луѓе починале, наведува базата на Њујорк Тајмс.

Фото: Unsplash

loading...