Моето дете е добро, тоа никогаш не би нападнало прво

Дали се родителите единствени виновници за однесувањето на своите наследници? На карактерот не влијае само семејството, туку и врсниците, медиумите, средината...

0
96

Сė почнува во градинката – детето ќе удри друго дете, а кога воспитачката ќе ги замоли родителите да обрнат внимание на неговото однесување, тие го бранат својот наследник со образложение: „Моето дете е добро, тоа никогаш не би нападнало прво“.
Приказната продолжува во основно училиште, кадешто наследникот веќе почнува да прави посериозни проблеми за кои родителот не знае ништо или што е уште поверојатно, ги затвара очите затоа што му е така полесно.

А потоа „доброто дете“ ќе порасне и ќе стане егонетричен, неодговорен, порочен, без почит за другите, насилник, па дури и криминалец, убиец. И сите го вперуваат прстот во родителите со зборовите дека сė тргнува од домот. Но, потоа слушаме за пример за дете пораснато во здраво, на прв поглед совршено семејство, што не го спречило да тргне по погрешен пат и тогаш тезата за родителите како виновници „паѓа“ во вода.
Неретко, од две деца, едното е дете за пример, а другото – проблематично. Кој е тогаш виновен? Дали со прогласувањето на родителите за единствени виновници ја „симнуваме“ одговорноста од другите ичесници во комплексниот процес на воспитување на детето? Колкава е одговорноста на родителите, а кога треба да се бараат виновниците во општетството, медиумите, во системот на вредности, во самата личност?

Според српскиот психотерапевт Зоран Миливојевиќ патот од добро дете до криминалец е многу долг. Точно е дека некои родители некритички го бранат детето и со тоа несвесно го поттикнуват во неприфатливи однесувања, усмерувајќи го кон деликвенција.
„Главна задача на родителите е да го социјализираат детето пред поаѓање во училиште, а тоа значи да го научат основни работи – што е добро, а што лошо. За да го постигнат тоа детето мора да сфати дека другите луѓе имаат чувства, дека и нив нешто ги боли како што го боли и него, а потоа и дека имаат некои права. Моралниот развој почнува во семејството. Ако родителот одобрува сė што прави детето, тој го усмерува во правец на егоцентрична, дисоцијална личност“, вели Миливојевиќ.

Родителите ги удираат темелите на одната личност на детето, но не се целосно одговорни за тоа, потсетува тој. Често некој трет, на пример, бабата, може преку викенд да „расипе“ сė што родителите изгдаиле во работните денови. А потоа доаѓа голема промена во пубертетот кога се случува револуција: на детето му станува поважно мислењето на врсниците од мислењето на родителите. Тоа е она кога добро дете ќе се фати со лошо друштво и ќе почне да прави лоши работи за да биде прифатено во тоа друштво“, објаснува Миливојевиќ

Зошто се родителите „слепи“ за однесувањето на детето?

Многу родители не знаат дека нивното дете се однесува различно во различни ситуации – на еден начин дома, на друг начин во групата врници кога авторитетот гледа, а на трет начин кога нема возрасни.
И затоа не им веруваат на воспитувачите и подоцна, на учителите кои ги предупредуваат на однесувањето на детето. Тие мислат: „Кој го напаѓа моето дете, ме напаѓа мене како родител“, и затоа, бранејќи се од „нападите“ стануваат агресивни кон наставниците. Тогаш овие се повлекуваат бидејќи не сакаат конфликт, такашто ниту родителот го воспитува детето во тие проблематични ситуации, ниту наставниците. А тоа е тогаш отворена врата во проблематично однесување, деликвенција и подоцнежен криминал. И така добиваме генерации од недоволно социјализирани деца.

Каде почнува, а каде завршува одговорноста на родителите за тоа каков човек станало детето?

Во законска смисла, родителите се одговорни за престапите на детето до неговото полнолетство. Меѓутоа, тоа е само формално. Во стварноста децата растат во едно комуникациско поле во кое на нив делуваат бројни влијанија. Родителите се само едно од тие влијанија и затоа не можеме поедноставено да кажеме дека се децата „производ“ од воспитувањето од страна на родителите. Родителите се многу важни на самиот почеток, во првите 3-4 години, но тогаш детето открива и други извори на пораки на кои им верува. Тоа се воспитачките во градинка, другите деца, но и медиумите, првенствено, визуелните медиуми каков шето е телевизијата.
Што треба да прави родителот кога детето ќе тргне по погрешен пат?
Сė до полнолетство родителите имаат можност да влијаат на младата личност. Тоа едноставно значи да се борат да ја вратат на вистинскиот пат користејќи ги начините кои им се на располагање.

Кога детето се спротивставува на ова, дури и физички, тогаш тие веќе немаат никакво влијание на него освен можеви финансиско или емотивно..

Што да се прави кога родителот ќе сфати дека детето не е такво какво што би требало да биде?

А кога родителот ќе сфати дека неговото сакано дете пораснало во личност која не му се допаѓа, не треба да се обвинува себеси, затоа што родителот бил само едно од влијанијата. Не постојат совршени родители, но едно е сигурно, родителот едноставно правел онака како што мислел дека е најдобро. Ова е моментот кога родителот треба да сфати дека неговот дете е веќе возрасбо и самото е одговорно за сопствениот живот и за начинот на кој го живее.
Сепак, родителот треба да има „отворена врата“ за своето дете, да се врати во моментите на криза, кога е спремно за отворен однос и за родителското влијание. Но додека тоа не се случи, родителот не треба да се чувствува виновен. Иако, треба да се каже и дека постојат такви ситуации во кои детето ги обвинува родителите за сите свои проблеми во животот како возрасен човек и станува насилно кон родителот, кој како некој „нивновник“ треба да го издржува возрасниот син или ќерка. Тажно е, но единствено решение во таквите случаи е родителот да го прекине контактот со своето возрасно дете кое така се однесува.

Детски права

Миливојевиќ потсетува дека задача на родителите е да му дадат на детето љубов, но и да го воспитуваат, поточно, да го дисциплинираат. Ова, според неговите зборови, значи дека треба да парават три работи: Да го учат детето што смее, а што не смее да прави, да го учат што мора да прави затоа што е корисно и така да му создадат корисни навики и мораат да го казнуваат детето кога тоа се спротивставува на ова. Но во современиот свет, тука се јавува проблем.
„Со оглед на појавата на нови и нови „детски права“, на „борба против насилство“, државата која од една страна го смета родителот за одговорен за однесувањето на детето, од друга страна, му ја одзема моќта да влијае на детето. Ако му наредите да ја среди собата, а тоа не сака, тогаш е тоа „робовски труд“. А ако му го исклучите компјутерот или му го одземете телефонот, тогаш е тоа „спречување на комуникациојата со надворешниот свет“… Затоа е многу тешко да се одреди јасно одговорноста на родителите“, нагласува психотерапевтот.

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Pixabey

loading...