Може да ми го причуваш детето?

Сосетката ја замолила да ѝ го причува детето додека да испазари, но никогаш не се вратила. Оваа жена која никогаш немала свои деца го исчувала момчето, а по него и уште многу други деца.

0
320

На 70-годишната Розалинд, жена на која лекарите и рекле дека никогаш нема да може да има деца, ѝ се случило вистинско чудо. Сосетката ѝ го оставила нејзиниот син за да го причува додека е на шопинг, но никогаш повеќе не се вратила по него. Розалинда го посвоила, го воспитала и го прифатила како нејзино дете.

Кога една сосетка ме замоли да се погрижам за нејзиниот мал син за да може да пазари, јас прифатив. Но, таа никогаш не се врати, и тоа мало момче остана со мене до 18 -та година кога го најде својот татко и замина да започне нов живот со него, а можеби и со неговата мајка, не сум сигурна“, вели Розалинда во своето видео на „ТикТок“.

Откако момчето заминало, Розалинда одлучила да стане згрижувачка мајка. До ден денес посвоила и одгледала многу деца, а темнокосата Лола ја смета за најпосебна. Ја посвоила кога имала една година, а денес е 30-годишна жена.
На својот профил на ТикТок, Розалинда често раскажува настани од нејзиното минато. По бурниот и емотивно стресен живот, таа нашла мир во живот опкружена со деца и вели дека конечно била задоволна и среќна.

@mamarosalinda

How I started #fostering and my daughter’s #adoption #foryoupage #fyp #storytime #storyteller #story #family #viral #drama #baby #children #love

♬ Surrender – Natalie Taylor

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]