Момченце ја избричило својата и главата на сестра му и ја шокирал мајка им

Откако го нашол електричниот апарат на мајка си, малиот Теди ѝ направил нова фризура на својата помала сестричка, а „се средил“ и себеси. Сте имале ли ваков „инцидент“?

0
386

Стефи Лигх се шокирала кога ги видела своите деца и го забележала настанот на Инстаграм, а нејзиниот брат Јан Хагадорн ја објавил урнебесната снимка на Твитер.

„Нојот внук нашол електирчен апарат за бричење и тотално полудел“, напишал вујкото.

Кога Стефи ја прашала својата ќерка дали ѝ се допаѓа новата фризура, таа ѝ рекла: „Не„ Мамо, изгледам како машко!“

Малиот Теди се правдал велејќи дека сестра му уживала во шишањето и дека едвај чекале да ги покажат новите фризури. Освен на сестра си, момченцето му ја скратило косата и на најмладото братче но не премногу затоа што веројатно мајка му го запрела на време.

Немајќи голем избор, Стефи им кажала дека е тоа сепак само коа и дека повторно ќе им порасне.

Фото: Инстаграм

loading...