Момче речиси умрело поради нов бизарен и опасен предизвик

Мајката на еден 12-годишник ја раскажала целата случка во јавноста за да ги предупреди родителите на новиот опасен предизвик, да се голтаат магнетни топчиња

0
193

Има ли крај на глупите предизвици на кои наседнуваат невнимателните деца?

Ако мислевте дека голтањето на детергент за перење е врв на глупоста на модерните деца, најновиот случај на 12-годишно момче кое речиси умрело откако голтнало магнети, повторно докажало дека денешното друшштво навистина оди во сосема погрешна насока.

Фреди Вебстер од Јоркшир случајно голтнал два пара магнетни топчиња, со што станал „фаца“ исполнувајќи го предизвикот, а за да му го спасат животот, лекарите морале буквално да му ја раскопаат стомачната празнина и да отстранат околу 10 цм од дебелото црево. Операцијата траела четири ипол часа.

Што се случило?

Децата измислиле предизвик во кој во уста треба да се стават две магнетни топчиња. Еден се става на јазикот, а другиот се крие во образот, како што тоа го направил и Фреди Вебстер, а целта им е да го тестираат делувањето на магнетите и што подолго да го издржат нивното природно привлекување.

Меѓутоа, како што децата не размислуваат дека топчињата би можеле да бидат кобни, Фреди, како што раскажала подоцна неговата мајка, „случајно ги проголтал двете топчиња кои му се лизнале во грлото, но после пет часа повторно ја направил истата работа и голтнал уште еден пар. Тогаш топчињата во стомакот почнале да се привлекуваат и така искинале добар дел од цревата“, објаснила мајката која раскажала дека нејзиниот син ѝ признал дека голтнал две топчиња за кои се надевала дека само ќе поминат низ системот за варење. Меѓутоа, после два дена синот ѝ се пожалил на болка која станувала се понеиздржлива. Го однее во брза помош кадешто едвај ја преживеал сложената операција и после критичното опоравување едвај успеал да си дојде на себе.

Мајката ја раскажала целата случка во јавноста за да ги предупреди родителите на новиот глуп и опасен предизвик.

loading...