Момче со аутизам чекало 6 години за да го запознае Дедо Мраз

Осумгодишниот Баиз Бертс од втората година од животот фантазирал за тоа дека ќе се запознае со најпознатиот дедо на светот, но секојпат неговите „ирационални стравови“ го спречувале да му се приближи.

0
140

Осумгодишниот Баиз Бертс плачел од среќа кога го запознал Дедо Мраз и го исполнил својот сон. Поточно, момчето има анксиозно растројство наречено селективен мутизам, што значи дека тој дома зборува нормално, но во друштвени средини е целосно исклучен и повлечен.

Како што открива неговата мајка Шила во објавата на Фејсбук, Баиз од втората година од животот фантазирал за тоа дека ќе се запознае со најпознатиот дедо на светот, но секојпат неговите „ирационални стравови“ го спречуваат да му се приближи.

„Баиз бара од нас да одиме во трговскиот центар речиси секој викенд. Тој е секогаш убеден дека овојпат ќе го направи тоа, но веднаш штом ќе пристигнеме, тој се замрзнува. Затоа седиме и гледаме од далеку додека се обидува да се справи со сопствените чувства“, раскажала Шила во интервју за Today Parents.

Но, една сабота, сестрата близнак на момчето, Лејна, одлучила дека сака да се слика со Дедо Мраз и се стрчала кон него.

„Баиз беше емотивен затоа што сакаше да ја следи, но не можеше да го стори тоа“, објаснила нивната мајка и додала дека момчето станувало фрустрирано.

Дедо Мраз ја гледал сцената која се одвивала пред неговите очи, станал од столот и се приближи до Баиз. Го погалил по косата и нежно ми ја зел раката, она што следувало оваа мајка го опишала како „Божиќно чудо“.

„Знаеше како да го смири. Постојано му велеше: ‘Добро си, пријателу. Ќе бидеш добро. Тој точно знаеше што му требаше на Баиз во тој момент. Никогаш не сум го видела толку среќен“, се потсетила Шила.

Како што вели, нејзиниот син изгледа како секое друго момче, па случајните минувачи честопати мислат дека тој едноставно има моментален излив на бес.

Дедо Мраз го одбра вистинското дете во вистинско време. Едноставно знаеше. Тоа ми значеше најмногу. Тој знаеше дека Баизу треба да му пријде“, изјавила таа.

Sheila Weidner Seelye 发布于 2019年11月16日周六

Фото: Фејсбук

loading...