Момче со дислексија прави чуда со Рубикови коцки (ВИДЕО)

Момче со дислексија го претворило својот недостаток во супермоќ. Во декември, Бенџамин Русо објавил видео на „ЈуТјуб“ на кое се гледа дека користејќи Рубикови коцки можно е да се создадат вистински бајки, меѓу другото, и неверојатен портрет.

0
175

„Имам дислексија. Се борам со читањето и пишувањето. Ги мешам зборовите. Понекогаш поради тоа се вознемирувам и се фрустрирам, но да се има дислексија во исто време значи дека можете да направите неверојатни работи“, открива тој на почетокот на снимањето.

Тој направил неверојатен портрет на својот омилен спортист и покажал дека може да се пофали со неверојатен талент.

„Дислексијата не е мој недостаток. Дислексијата е мојата суперсила “, напиша тој на картичката која со широка насмевка ѝ ја покажал на камерата.

Неговото видео броело илјадници прегледи, а тој стигнал и до борачот, кој го споделил на Твитер.

Мајката на Бенџамин, Мелани Русо, изјавила:

„Нашата цел е да ја рашириме свеста за дислексијата и да го натераме Бенџамин да се чувствува добро поради нешто што тој може, а повеќето луѓе не можат. Иако беше тивок и резервиран, тој беше возбуден поради лајковите што ги доби за неговото видео, а особено за твитот на борачот“.

Бенџамин има намера да создаде повеќе портрети со помош на Рубикови коцки, со поддршка од целото семејство.

Фото: YouTube screenshot

loading...