Музиката и пеењето го забрзуваат развојот на детскиот мозок

Почетните резултати на студијата, кои биле објавени во научниците списнаија, дале докази за предностите на таквото образование во време кога многу училишта ја намалиле или дури ја исфрлиле музичката и уметничката програма.

0
227

Музичкото образование го забрзува развојот на мозокот кога се во прашање малите деца, а особено во подрачјата кои се одговорни за обработка на звуците, перцепцијата за говорот, развојот на говорот и вештината на читање.

Контролираното лекување во чиј тек се слуша и свири, претставува исто така ефикасен третман за проблемите со менталното здравје. Истражувањата потврдуваат дека додавањето на музичката терапија во лекувањето, го подобрува социјалното функционирање на лицата со шизофренија.

Терапијата со музика се покажала ефикасна и како самостоен третман за намалување на депресијата и на хроничните болки.

Институтот за мозок и креативност на Универзитетот во Калифорнија уште во 2012.година започнал петгодишна стидија во соработка со Филхармонијата на Лос Ангелес и Здружението Срце на Лос Ангелес за да го откријат влијанието на музиката на детскиот когнитивен, социјален и емоционален развој.

Почетните резултати на студијата, кои се објавени во научните списанија, дале докази за предностите на таквото образование во време кога многу училишта ја намалиле или дури ја исфрлиле музичката и уметничката програма.

Во текот на студијата научниците од подрачјето на неврологијата го следеле развојот на мозокот и однесувањето во група од 37 деца од посиромашните реони на Лос Ангелес. Децата учеле да свират инструменти како виолина во ансамблите и групите и вежбале до 7 часа неделно.

Студијата покажала дека наставата по музика го забрзува созревањето на слушниот пат во мозокот и ја зголемува неговата ефикасност. Научниците ги споредувале децата-музичари со врсниците кои тренирале фудбал и со оние кои немале дополнителни програми. Во рок од две години откриле дека сетилото за слух на децата-музичари созрева побрзо отколку кај останатите деца, пренесуваат медиумите.

loading...