Му го спасила животот на детето со помош на детска песна (ВИДЕО)

Стефани Укер спасила дете кое се давело благодарение на популарната детска песна Baby Shark, поточно со масажа на срцето во ритамот на оваа хит песна

0
201

На една забава, мајката Стефани Укер откако едно дете ја предупредило дека друго дете се дави во базенот, скокнала и го извлекла четириггодишното момченце.

Потоа почнала со масажа на срцето и со вештачко дишење во ритамот на хит-песната Baby Shark.

„Се сеќавам дека почнав гласно да ја пеам Baby Shark и дека си помислив дека мајката на тоа момче ќе мисли дека сум луда“, раскажала таа за Wesh.

Благодарение на нејзината брза реакција момчето целосно се опоравило, а не е прво на кое споменатата песна му спасила живот.

Црвениот крст советува при реанимација градите да се притиснат сто пати во минута, а ритамот на Baby Shark има исто толку тактови во минута. На Јутјуб постои видео кое го објаснува целиот процес на реанимација токму во тритамот на песната и на начин на кој можат да го разберат и најмладите.

Уште некои такви песни кои можат да спасат живот се Staying Alive од Би Џиз и Dancing Queen на групата Аба.

Фото: Pixabey

loading...