Му се потсмевале на момче поради неговата љубов кон читањето

Додека ние порано со врсниците си разменувавме книги, а честопати знаевме и со саати да зборуваме за некоја од нив, и имаше книги кои беа нешто како симбол на целата генерација па беше дури и срамота некој да не ги прочитал, денеска е веројатно срамота да се чита...Така барем изгледа по ова... Читаат ли вашите деца денеска книги?

0
217

Калум Менинг сакал да го сподели своето видување на книгите што секојдневно ги читал. Но, кога врсниците во училишниот групен чет почнале да го навредуваат поради ова, се скршил.

„Не плачам, но тогаш ова ми се случи за првпат во животот“, изјавило 13-годишното момче за „Метро“.

За среќа, сето тоа се сменило кога неговата сестра Елис Ландрет ги споделила деталите од тој инцидент на Твитер после што тој се здобил со 260 илјади следбеници..

„Не можам да верувам колку се одвратни децата. Мојот помлад брат направи профил на Инстаграм на кој објавува рецензии за книги и разговара за нив, а соучениците го нарекоа чудак“, напишала таа и објавила детали за неговиот профил надевајќи се дека 20 до 30 нејзини пријатели ќе почнат да го следат Калум и така да го охрабрат.

Но, за неколку часа, неговиот профил броел илјадници нови пријатели. Луѓето од сите делови на светот одлучиле да го поддржат.

„Започнале да пристигнуваат коментари за поддршка. Навистина е убаво да се види дека сè уште има добри луѓе во светот“, вели Калум.

До овој момент, неговиот профил веќе има над 260.000 следбеници. Издавачите и писателите му понудиле книги што сакале бесплатно да му ги испратат на неговата адреса. Меѓу другите, го контактирала Каролина Кепнес, авторка на книгата You.

„Тaа е една од моите омилени писателки. Испрати порака, навистина е кул. Јас сум ѝ голем обожавател, па бев малку нервозен“, признава момчето.

Освен рецензиите на Хари Потер и Самрак, Калум објави и рецензии на делата на Џејн Остин, Џорџ Орвел и Мери Шели, што изненадило некои од неговите следбеници.

„Тој е многу паметно момче. Чита од рана возраст, а денеска го интересираат „Злосторство и казна“ и слични дела што веројатно не ги интересираат многу 13-годишници “, вели мајката на Калум, Карла Ландрест.

Колекцијата на книги што ги поседува расте од ден на ден.

„Не знам каде ќе одиме со сите овие книги. Наскоро мораме да одиме по нови полици“, се пошегувала неговата мајка, која се надева дека неговата приказна ќе пренесе порака за врсничко насилство кое не треба да се толерира.

„Тој беше во солзи во петокот. Денеска, неговата самодоверба повторно се зголеми. Тој е прекрасно дете и сега е уште посреќен“, заклучила Ландрет.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

loading...