Набљудувајте го вашето бебе: Општи показатели за можни нарушувања во развојот

Ако забележите дека вашето дете има некои од овие показатели, добро би било да се консултирате со стручни лица, кои ќе утврдат дали му е потребна поддршка во понатамошниот развој.

0
173

Постојат импликации (показатели) според кои можеме да одредиме дали детето се развива правилно или има отстапување во развојот.

Импикации кај децата од 0 до 3 месечна возраст се:

Ризик врз основа на значителна медицинска историја. Забележителна хипотонија или хипертонија (мускулен тонус кој укажува на невролошки абнормалности). Асиметричност на спонтаните активности или слаба активност на едната страна во однос на другата.

Неможност да се доведе главата во средишна линија при положба на грб, на возраст од три месеци.

Типично вознемирено однесување.

Слаба способност за држење на рамениците во положба на стомак на возраст од три месеци.

Заостанување на главата при повлекување на бебето од лежечка во седечка положба. Неподигање на главата од лежечка положба.

Непринесување на дланките во уста, дланката е стегната во тупаница со палецот во неа.

Вкрстување на нозете.

Импликации кај деца од 4 до 6 месечна возраст:

Асиметрични движења.

Неможност да се наведне главата и да се допре градниот кош со брадата. Слаба визуелна конверзација и поглед надолу.

Ограничена способност да се доведат рацете во средишната линија.

Слаба способност за носење на тежина и за антигравитациска екстензија во положба на стомак.

Неможност за подигање на главата кога бебето е поставено да лежи на стомак. Недоволно потпирање на подлактици.

Недостаток на случаен фат.

Продолжена реакција на автоматско одење.

Не контактира со поглед и насмевка.

Не фиксира и не следи предмети со поглед.

Хипотонија или хипертонија.

Неможност да ја задржи страничната лежечка положба на возраст од 4 месеци. Неуспех во истегнување на флексорните мускули.

Тенденција движењата да се започнат со екстензија.

Изгледа како да има доминантна рака.

Продолжен асиметричен тоничен вратен рефлекс.

Слаба толеранција на движења, транзици и текстури.

Слабо визуелно следење: хоризонтално, вертикално и кружно.

Слабост во фаќањето и досегнувањето.

Неспособност да ја префрлат тежината преку подлактиците или исправените раменици во положба на стомак.

Импликации кај деца од 6 до 12 месечна возраст:

Хипертонија или хипотонија.

Генерално ограничена мобилност намален репертоар на движења.

Слабо фаќање на предмети.

Изгледа како да има доминантна рака.

Неможност самостојно да ја одржи седечката положба.

Слабо визуелно следење и координирано фаќање на предмети.

Неспособност да се промени положбата.

Слаби или недостаток на тензициски движења.

Ако забележите дека вашето дете има некои од овие показатели, добро би било да се консултирате со стручни лица, кои ќе утврдат дали на вашето дете му е потребна поддршка во понатамошниот развој.

Елена Трајческа, дипл. специјален едукатор и рехабилитатор, Интеракција Плус, Скопје

Фото: Pexels

loading...