Наградна игра на Мајка и дете и Блесок, одговорете точно и добијте книга!

Оваа недела ја промовираме книгата „За змејот кој пуканки лапкал и една лажна принцеза засакал“ од Ана Ѓокиќ.

0
93

„Мајка и дете“ во соработка со Културната установа „Блесок“ (blesok.mk) ви предлага листа од три книги за деца за крајот на летото.

Станува збор за поучни и забавни приказни, не само за децата, туку и за родителите. Книги во кои ќе ужива целото семејство!

Секоја недела доделуваме по една книга за деца. Сѐ што треба да направите е да ја следите „Фејсбук“ страницата на „Мајка и дете“ (https://www.facebook.com/Majka-i-dete-298560416859647/) и да одговорите точно на наградното прашање поврзано со книгата на неделата. Тој што прв ќе одговори ќе биде награден со книга.

„За змејот кој пуканки лапкал и една лажна принцеза засакал“ од Ана Ѓокиќ (преводот од српски Калина Буневска Исаковска) е роман за најмали во петнаесет поглавја, со две паузи и еден додаток.

Прекрасна книга за деца и родители, за читање во себе и за читање на други. Со умешна мешавина на сказна и модерен роман за деца, авторката успева да придобие млади читатели за светот на книгите. А, приказната почнува вака: Во шупа на крајот од светот (или во пештера, како сакате), живееше Последниот Змеј. Хм, живееше?!Живуркаше! Се досадуваше! И будалаштини смислуваше! Тој влечко по цели денови ништо паметно не правеше. Само струполен на троседот седеше, со пуканки се солеше и во телевизорот од утро до мрак зјапаше. И така пред муцката му пројдоа денови, месеци, најубавите години…

Наградното прашање за оваа книга е:

Ова е приказна за змејот кој бил:  1. Прв, 2.Последен, 3. Најстрашен?

loading...