Накит изработен од папочна врвка, нов тренд помеѓу мајките

Од остатоци на папочната врвка изработуваат спомени кои можат да се носат во форма на прстени, обетки, ѓердани или алки.

0
112

Мајките кои сакаат постојано да ги држат своите бебиња близу до срцето, сега можат да го направат тоа благодарение на накитот изработен од остатоците на папочните врвци. Од остатоци на папочната врвка изработуваат спомени кои можат да се носат во форма на прстени, обетки, ѓердани или алки.

Една од оние кои изработуваат ваков накит е Рут Авра од Флорида која продава сребрен накит персонализиран со папочна врвка. Идејата се родила откако таа и нејзината надобра пријателка се породиле во исто време.

„Ги ставив нашите остатоци од папочната врвка на маса и добив идеја“, рекла таа за Њујорк Пост. Авра смета дека таквиот накит ја прикажува поврзаноста помеѓу мајката и детето.

„Тоа е навистина парче од нешто што ве поврзувало физички вас и вашето бебе девет месеци“, додала таа.

Корисниците на социјалните мрежи се поделени. Некои го сметаат овој тренд за прекрасен, додека пак за други, е вознемирувачки.

„Апсолутно не!“, напишал еден корисник на Твитер, додека пак друга корисничка, одлучила да го поддржи овој тренд. „Професорот ни раскажуваше за накитот од папочна врвка и мислам дека е тоа кул. Сега колегите се плашат од мене“.

Фото: Инстаграм

loading...