Наместо астронаути, денешните деца сакаат да станат влогери и јутјубери

Некогаш децата сакаа да бидат астронаути, доктори, пожарникари или ветеринари, а сега нивната работа од соништата е да бидат влогери или поедноставно кажано - јутјубери.

0
60

Генерацијата Z е поинаква од сите досега. Станува збор за гнерацијата која доаѓа по Милениумците. Сѐ уште не е утврден прецизен датум кога генерацијата Z почнува или завршува, демографите и истражувачите обично земаат временски оквир од средината на 1990-тите до раните 2000-ти но сѐ уште нема консензус за тоа кога е завршена.

Значајна карактеристика на оваа генерација е распространетата употреба на интернет од рана возраст, а припадниците на генерацијата Z се сметаат за добро снаодливи со технологијата, и интеракција на сајтовите на социјалните мрежи како значаен вид на нивното дружење. Одделни критичари сметаат дека растењето во Светска економска криза на оваа генерација ѝ дало чувство на вознемиреност и несигурност.

Дури и либералните милениумци тешко ја разбираат, а на оние постарите им е комплетно несфатлива. Да, станува збор за судир на генерации кој редовно се случува помеѓу луѓето од различна возраст.

Истражувањето кое го спровел култниот производител на играчки за деца Лего покажа дека денеска дури три пати повеќе деца како кариера од соништата го наведуваат влогингот во однос на работата астронаут. Истражувањето е спроведено во САД, во Обединетото Кралство и Кина на примерок од 3 илјади деца на возраст од 8 до 12 години и 326 родители.

Конкретно, третина од децата рекле дека сакаат да бидат Јутјубери кога ќе пораснат, додека само 11 отсто ја навеле професијата астронаут.

Интересно е да се истакне дека одговорите во голем дел зависеле од тоа од која земја доаѓа детето. Па така, повеќе од половината Кинези сакаат да станат астронаути и токму таа професија е за нив најатрактивна. Следуваат работата на учител, музичар и професионален спортист, додека работата на влогер е на петто место.

Сепак, во остатокот од светот ситуацијата е сосема поинаква. Децата во САД и во Обединетото Кралство попрво би биле влогери, додека на второ место на листата од нивните професии од соништата се наоѓа работата на учител, а потоа доаѓаат професионалните спортисти и музичари и дури на петто место е професијата астронаут.

Тоа го потврдуваат и нивните одговори на прашањето дали еден ден би сакале да заминат во вселената. Дури 95 отсто од децата од Кина одговориле потврдно, додека процетот во Обединетото Кралство изнесува прилично малли 63 отсто, односно 70 отсто во САД. Исто така, интересно е дека три од четири деца се уверени дека во иднина луѓето ќе живеат на некоја друга планета. Поточно, во Кина дури 96 отсто од децата веруваат во тоа, додека во другите земји се поскептични па во Обединетото Кралство станува збор за 63 отсто, а 68 отсто во САД.

Само две години претходно работите биле сосема поинакви. Тогаш Fatherly спровел истражување за тоа што сакаат децата да станат кога ќе пораснат, а повеќето од 1000 испитани деца во САД рекле дека фантазираат за тоа да станат доктори. Потоа, најпосакувани биле работата на ветеринар, инженер, полицаец и учител.

Фото: Pixabey

loading...