Наместо грицки, децата во Копенхаген ќе грицкаат јаболка од градските јаболкници

Градскиот совет неодамна изгласал да се насадат овошни дрва за доброто на заедницата. Помеѓу палетата од овошја кои наскоро ќе бидат засадени, има јаболкници и грмушки со капини. Преку природните дрва во околината, ќе биде полесно децата да учат за нив. Покрај тоа, ова се многу поздрави грицки отколку индустриските слатки.

0
275

Наскоро луѓето кои се движат по улиците на Копенхаген нема да има потреба да купуваат грицки. Тие ќе можат да си наберат свежо овошје од дрвата кои наскоро ќе бидат засадени на јавните површини. Имено, градскиот совет неодамна изгласал да се насадат овошни дрва за доброто на заедницата. Помеѓу палетата од овошја кои наскоро ќе бидат засадени, има јаболкници и грмушки со капини.

Градскиот совет има за цел повторно да ги поврзе луѓето со локалната вегетација и флора. Сегашната генерација Данци ја изгубија врската со растенијата и храната. Затоа,  се надеваат дека со засадувањето на овошни дрва традиционалните вкусови повторно ќе бидат вклучени во секојдневната исхрана.

Во пораст е трендот „фореџинг“. Има многу еколошки и гастрономски ползи поврзани со ова. Традицијата на локален фореџинг постои во Данска уште од Средниот век, каде во книгите со закони им се дозволува на луѓето слободно да собираат храна од улиците. На луѓето исто им било дозволено да берат и од приватните имоти низ кои поминуваат патеки. Но, услов е да се остане на патеката, да не се скршнува. И токму одлуката на градскиот совет да насади дрва за сите, е стара традиција.

Преку природните дрва во околината, ќе биде полесно децата да учат за нив. Покрај тоа, ова се многу поздрави грицки отколку индустриските слатки. Чувството на заедништво ќе порасне со овошните дрва во животната средина, а биодиверзитетот ќе цвета.

Децата ќе имаат здрави грицки додека учат за локалната вегетација.

Странците во Данска, кои не се запознаени со природните ресурси на државата, ќе можат да користат мобилна апликција наречена  Vild Mad, што во превод од дански значи „дива храна“. Преку апликцијата луето ќе се запознаат со фореџингот и ќе ги води низ шумите и плажите во земјата, за да пронајдат зрели и локални плодови. За оние кои не се запознаети каде се наоѓаат и какви плодови можат да најдат, оваа апликација може да биде корисна. На истата ќе можат да се најдат и вкусни рецепти направени од дивите плодови.

Оваа апликација има за цел да ги научи Данците за вегетацијата во нивните дворови и да им помогне на странците за сета онаа фантастична храна која Копенхаген им ја нуди.

The Streets Of Copenhagen Will Have Communal Fruit Trees
Цикорија, горчливо растение кое се користи во салатите и расте на лето со светло сини цветови покрај патиштата во Данска. 

Текстот и фотографиите се од ТУКА.

loading...