Научниците знаат на кого сме дебели, интелигентни, од кого го наследуваме квалитетот на косата и забите

Повеќето бремени жени размислуваат за тоа како ќе изгледа нивното дете, за разни комбинации, боја на очи, боја на коса… Тешко е да се претпостави затоа што има многу комбинации кои ги утврдува генетиката.

0
598

Колку и да се многубројни комбинациите на гените од двајцата родители кои го одредуваат изгледот на детето, интелигенцијата, менталната состојба, сепак, постојат некои шаблони по кои се наследуваат одделни гени, а поради клучните области како што се обликот на носот, делот околу усните, големината на јагодиците, аглите на очите и обликот на брадата – детето изгледа како пресликана мајка или татко.

Распределбата е еднаква, гените на мајката обично се 50 проценти од ДНК на детето, а гените на таткото ги сочинуваат останатите 50 проценти. Сепак, машките гени се поагресивни од женските, па затоа се поистакнати. Значи, обично има 40 проценти активни женски гени и 60 проценти активни машки гени. Покрај тоа, телото на бремената жена го идентификува фетусот како туѓо тело, такашто за да го спаси бебето женското тело мора да најде мир со агресивните гени на таткото, понекогаш по цена на сопствените гени.

Пол на бебето: Зависи единствено од мажот. Ако има повеќе сестри во семејството, ќе има ќерки, ако има повеќе браќа, ќе има синови.

Квалитет на забите: Ако таткото има проблеми со забите – децата ќе ги имаат истите проблеми. Тука гените се експлицитни – ние го наследуваме квалитетот на забите од нашиот татко!

Интелигенција: Ќерките ќе ја повлечат интелигенцијата од двајцата родители, додека синовите ќе бидат интелигентни на мајката. Сепак, само до 40% од мајчината интелигенција е наследена, остатокот се добива во текот на животот. Значи работа, работа и само работа.

Ментална болест: Со возраста, квалитетот на спермата се намалува. Поради ова, постарите луѓе можат да им пренесат мутирани гени на своите деца. Ова го зголемува ризикот од ментална болест, аутизам, хиперактивност или биполарно растројство.

Човек на која било возраст, ако има коронарна срцева болест, веројатно ќе им ја пренесе на неговите синови.

Ако имал проблеми со неплодност, а до потомството стигнал со вонтелесно оплодување, сигурно е дека и неговите синови ќе го имаат истиот проблем.

Дебелина: Тежината кај децата зависи само од мајката. Ако мајката е дебела, ќе бидат и децата. Ако мајката е слаба, децата исто така ќе бидат во форма.

Висина: повеќе влијаат гените на таткото отколку на мајката. Иако постојат две мерења:

Ако имате син, земете ја висината на мајката, додадете ја висината на таткото, а потоа уште 5 сантиметри на таа сума. Поделете ја сумата на два и ќе ја добиете висината на вашиот син.

Ако имате ќерка, додадете ја висината на таткото на висината на мајката и од збирот одземете 13. Поделете со 2 и ќе ја добиете висината на вашата ќерка.

Боја на очите: кафеавата боја на очите е доминантна. Ако едниот родител има кафени очи, а другиот има сини, поверојатно е дека детето ќе има кафени очи. И не е исклучено детето да има кафени очи, иако родителите се со сини очи.

Дупчиња на образите: се наследуваат целосно.

Кадрава коса: Ако и двајцата родители имаат виткана коса – таква ќе има и детето. Ако едниот од родителите има виткана коса, а другиот права – детето ќе има брановидна коса.

Фото: Pixabay

loading...