Научниците тврдат: Аутизмот може да се открие уште кај бебињата

Аутизмот би можел да биде дијагностициран со помош на едноставен тест за слухот. Ова се резултати  од најновите научни истражувања. Овој тест би овозможил лекувањето да почне со години пред да се развијат првите симптоми.

0
679

Научниците од Универзитетот за остеопатска медицина Lake Erie во САД велат дека можат да откријат аутизам кај децата набргу по раѓањето и тоа со помош на тестирање на акустичниот рефлекс, пишува Дејли Мејл.

Станува збор за тестирање на слухот на бебето, односно, на неговите реакции на звуците со ирок распон на фреквенции кои на стручњаците им ги откриваат чувствителноста и времето на реакцијата на одделен звук, а тоа води до поставување на дијагноза затоа што постои силна врска помеѓу слушната дисфункција и аутизмот.

„Во раните фази од животот мозокот е многу пластичен, што значи дека со правилни рани интервенции е можно да се исправат одредени неправилности“, вели професорот по анатомија Ренди Кулеза Јуниор.

Децата со пореметување од аутистичниот спектар имаат проблеми со комуникацијата, социјалната интеракција и се склони кон повторувачко однесување. Меѓутоа, дијагнозата на аутизам кај повеќето се воспоставува дури после четвртата година од животот, кога и се почнува со терапија.

„Знаеме дека повеќето пациенти имаат проблеми со слухот, а слухот е пресуден за развој на говорот и јазикот кои, исто така, влијае на социјално-емоциналниот развој. Со оптмизирањето на слушната функција квалитетот на живот може да им биде значително подобар“, рекол д-р Кулеза.

Нагласил и дека моментално на сите новороденчиња им се испитува слухот за да се утврди дали слушаат или не, а тестирањето на акустичниот рефлекс би им овозможил на докторите многу повеќе информации за видовите на дисфункции кои можат да бидат присутни.

Лицата со аутизам страдаат од пречувствителност, што значи дека дури и релативно тивките звуци можат да ги чувствуваат како страшна бучава.

„Ако родителите и докторите сфатат дека од самиот почеток можат да работат на прилагодување на чувствителноста на детето, така детското искуство на светот ќе го направат помалку интензивно и застрашувачко“, рекол д-р Кулеза.

Фото: Pixabey

loading...