Научниците успеаја да развијат јагне во вештачка утроба

Научниците успеале да пораснат предвремено родено јагне во вештачката утроба - што може да помогне во спасувањето на човечките бебиња во иднина.

0
56

Научниците развиваат вештачка матка исполнета со течност за да им помогнат на предвремено родените бебиња.

Научниците во Соединетите Американски Држави развија утроба полна со течност  налик на торба која ја врши функцијата на матка, практично, апарат кој во голема мера може да ги зголеми шансите за преживување.

Во претклиничките студии со јагниња, истражувачите биле во можност да создадат имитација на матка и функции на плацента, давајќи им на предвремено родените клучна можност да ги развијат своите бели дробови и другите органи.

Околу 30.000 бебиња само во САД се раѓаат критично рано – помеѓу 23. и 26. недела од бременоста, велат истражувачите.

На таа возраст, човечкото бебе тежи над 500 грама, неговите бели дробови не се во состојба да функционираат, а шансите за преживување се ниски. Стапките на смртност се до 70 проценти, а оние кои преживуваат се соочуваат со доживотна инвалидност.

„Овие бебиња имаат итна потреба за мост помеѓу мајчината утроба и надворешниот свет“, вели Алан Флејк, специјалист хирург во Детската болница во Филаделфија, кој го предводеше развојот на новиот уред.

Целта на неговиот тим, рекол тој, е да развие екстра-утерен систем каде што екстремно недоносените бебиња може да бидат суспендирани во коморите исполнети со течности неколку недели, за да дојдат до 28. недели – прагот преку кои нивните животни шанси драматично се подобруваат.

Може да потрае уште 10 години, но се надеваат дека дотогаш ќе имаат лиценциран уред во кој предвремено родените деца ќе добијат можност да се развијат во коморите исполнети со течности, наместо да лежат во инкубатори кои се вештачки вентилирани.

„Овој систем е потенцијално далеку подобар од она што болниците во моментов го прават за бебе родено во 23.недела, на работ на одржливоста“, вели Флејк.

„Ова би можело да воспостави нов стандард на грижа за оваа подгрупа на екстремно предвремено родени бебиња“.

Тимот потрошил три години на развојот на нивниот систем преку серија од четири прототипови – почнувајќи со стаклен резервоар за инкубатор и напредувајќи кон сегашната торба со течност.

Шест предвремено родени јагниња тестирани во најновиот прототип биле физиолошки еквивалентни на човечко бебе во 23. или 24. недела од бременоста и биле во можност да растат во температурно контролирана, речиси стерилна средина, рекол Флејк.

Развојот на белите дробови кај јагнињата е многу сличен како кај луѓето, рекол  психологот Маркус Дејви, кој бил дел од тимот.

„Белите дробови на фетусот се дизајнирани да функционираат во течност. Ние ја симулираме таа средина … дозволувајќи им на белите дробови и другите органи да се развиваат, истовремено снабдувајќи ги со хранливи материи и фактори за раст“, рекол тој.

Ова јагне кое се развило во вештачкиот систем било родено на 110 дена шѕто е еквивалент на човечко бебе родено во 23.гестациска недела.

Јагнето го поминал следниот месец во пластичната торба која е креирана како вештачка утроба. Овој експеримент наречен BIOBAG е нова надеж да се спречат компликациите кај предвремено родените човечки бебиња.

Се очекува експериментите со животни да продолжат во следните две години.

Scientists successfully developed a lamb inside of a bag

Scientists successfully grew a premature lamb inside an artificial womb — which could help save human babies in the future.

Posted by In The Know Innovation on Сабота, 07 јули 2018

loading...