Научно е потврдена најдобрата возраст за раѓање

Вистинско време за раѓање е работа на сопствен избор, но сега е и научно докажано кои години се најдобри за тоа.

0
570

Додека едни велат дека е подобро да се имаат деца во дваесетите, други советуваат дека е добро да ги имате дури и во четириесетите. Меѓутоа, здравствените проблеми се лошата страна и на едните и на другите години, истакнуваат стручњаците.

Според резултатите од студијата на д-р Џон Мировски од Универзитетот во Тексас, совршена возраст за раѓање се 34 години.

„На оваа возраст жените се оптимално здрави и подготвени за бременост“, рекол д-р Мировски кои дошол до резултатите врз основа на разговорот со 1800 мајки, поставувајќи им прашања за моменталната здравствена состојба.

Други стручаци се согласиле со неговиот заклучок и додале дека жените на оваа возраст имаат идеална количина енергија и се довочно зрели и одговорни за подигање на дете.

Исто така, станува збор и за финансиски постабилни лица во здрави емоционални врски, истакнале авторите на студијата.

Фото: Pexels

loading...