Начинот на кој детето реди коцки, може да укаже на аутизам

Карактеристиките на аутизмот се разликуваат од личност до личност, такашто различни симптоми се воочуваат кај децата уште од една или две години, па може да им се постави дијагноза

0
461

Помеѓу главните знаци за аутистично пореметување е и отпорот на детето да прави нешто на поинаков начин. Пациентите често изведуваат активности повторувајќи исти движеа и оваа репетитивност може да се воочи ако внимателно следите како вашето дете ги реди коцките.

Ако упорно ги реди коцките или играчките по некој ист, посебен редослед, ако постојано игра некоја игра на идентичен начин, тоа може да биде предупредување дека детето е во рамките на аутистичниот спектар.

Исто така, карактеристично е детето ритмично да ги повторува и движењата, понекогаш и повредувајќи се себеси, или ги шутира и ги штипе предметите или луѓето околу себе.

Некои облици на аутизам поминуваат и потполно незабележано, а чести се и погрешни дијагнози доколку детето имапореметување на вниманието или тешкотии во комуникацијата. Затоа е важно детето да го прегледа стручно лице доколку воочите некој од наведените симптоми.

Фото: Pixabey

loading...