Нашите мајки се одмараа после работа, а ние се забавувавме на улица

Не постоеја родителски училишта, ниту сите тие книги, форуми, групи на фејсбук, а сепак, на крајот, не излеговме ни толку лоши.

0
1022

Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Не се мудруваше толку околу тоа родителство. Мојот татко не мораше секоја вечер да се нацрта во осум нула нула за да ѝ помогне на мајка ми да ме избања.

Мојата мајка не се плашела од бременоста, ниту од враќањето на работа, ниту од јаслите. Од одвојувањето. Немала кога да мисли за тоа дали престојот во бхрадинка ќе остави врз мене трајни последици. Не се занимавала со социјалните аспекти на моето растење. Не трчала на лекар за секоја дребулија. Не доаѓала во училиште секој понеделник и никогаш не ѝ паднало на памет да ме „заштити“ од наставниците. Не игравме на картата „професорот ме мрази“. Преоѓањето во повисоките одделенија во основното училиште не се доведуваше во прашање, ниту претставуваше пресвртница во животот вредна за споменување.

Мојата мајка не била никогаш должна да ме забавува и да го направи мојот престој на планетава попријатен. Ете, денеска не е доволно детството да биде пријатно. Не, детството денеска мора да биде незаборавно!. Секој ден е повод за вистински мали прослави, ним им е здодевно. Од моментот кога ќе ги отворат очите па се до одењето на спиење навечлер, потребно е да ги аниумираме децата, да им угодуваме на сите можни начини, да ги поместѕуваме сопствените граници, да бидеме благи, попустливи, да не го покачуваме гласот, да не го загрозиме нивниот мал интегритет ниту на еден начин и накусо – да создадеме едно големо, огромно агресивно и деструктивно его.

Нашите мајки не се плашеа од нас. Ниту од нашето плачење. Со трескањето, фрлањето и дрскоста некако полесно излегуваа на крајот. Нашите мајки си го пиеја кафето натенане и се одмараа кога ќе се вратеа од работа. За тоа време ние си игравме со другите деца на улица. Се знаеше што се смее а што не. Што е добро, а што не е. Вади го прстот од уста, не го чепкај носот, не зборувај со непознати, не земај бонбони од непознат чичко на улица, тргни се од телевизорот, ќе си ги расипеш очите, кажи добар ден, благодарам, молам, стани за да седне бабата, биди добар другар, не седи на ладен бетон, изеди се од чинијата и до 8 биди дома. Ете така некако сме ние воспитувани.

Дилемите се решаваат и без гугл, со совети од другите, поискусни пријателки. Не постоеја родителски училишта, ниту сите тие книги, форуми, групи на фејсбук, а сепак, на крајот, не излеговме ни толку лоши.

Денешното растење личи на трка со препони. Дури и пред да се роди – клукај се со фолна киселина, пиј витамини, прави дабл и трипл тестови, потоа породи се безболно, без трауми, биди со бебето, дој го до трето одделение, уважувај го неговиот карактер, темперамент генетски предиспозиции, не дозволувај да плаче, носи го гордо како да е штафета на младоста, не го оставај само, не го гаси светлото, направи место во својот кревет, премести го мажот во дневната, бдеј над него во текот на целиот период на растењето, не дозволувај ништо да му недостасува, да се почувствува загрозено, запоставено, да нема, почитувај го неговото мало Јас, уважувај ги неговите потреби, преиспитувај се, носи правилни одлуки, преземи ја сета одговорност, заборави на заслугите, заштити го од сонце, од зрачење, од загаден воздух, од кучита скитници, вода од чешма, издувни гасови, урокливи очи, ретрограден Меркур, заситени масти и слободни радикали. Чистио околу зградата, собирај ѓубре, рециклирај пластика, купувај органско, сади дрвја, затоа што нашите деца заслужуваат подобра планета. Океј, а што ако таа наша планета заслужува подбри деца? Мислам, прашувам за другарка ми.

Преземено од ТУКА.

loading...