Најголемите родителски грешки во врска со исхраната на децата

Некогаш, и покрај најдобрите намери, можете на своите деца да им всадите нездрав однос кон храната

0
1411

Родителите и несвесно можат да им всадат на децата лоши навики во поглед на исхраната. Строгите правила во врска со храната можат да доведат до нарушување на врската со сопственото тело, занемарување на чувството на здрава глад и радоста заради нејзиното задоволување.

Не го терајте детето да изеде се

Му останало уште малку, но детето е веќе сито и ја врти главата? Не го терајте да изеде се. Не треба вие да одлучувате колку точно треба да изеде детето за да биде сито и здраво.
Ако детето вели дека уште не огладнело, не го терајте сепак да јаде инаку ќе се научи да јаде за љубов на другите или за да не го навреди родителот. Или пак да изеде се затоа што е тоа стандардна порција од која нема отстапување. Би било подобро да го учите да го наслушнува своето чувство за глад и адекватно да реагира на истото.
Тинејџерите над кои родителите конечно изгубиле контрола и престанале да ги хранат, со радост одбиваат да јадат здрава храна и преоѓаат на чипс и кока-кола. Можеби и не затоа што им е толку вкусно, туку затоа што првпат во животот можат сами да одбираат што ќе јадат. И затоа што веќе им се вкоренила одбојноста кон нормалната храна.

Јадењето не е награда

Сладолед за петка, чипс за напишано домашно, чоколадо за одење на забар … Златен медал за изедено готвено главно јадење. Торта само после супата и главното јадење! Бонбона по изедената вечера.
Тоа кај вашето дете може да предизвика мисла дека она што се јаде дома е невскусно. А многу возможно е дека ова ќе го научи на прејадување. Кој би одбил торта дури и ако му е стомакот преполн? Уште ако и од сета таа храна единствено тортата му се допаѓа!

Храната не е непријател

Со набројување на сите можни намирници – не само брзата храна, луто и пржено, туку и најобичниот компир, леб, макарони, бисквити, ќе го натерате детето да чувствува вина затоа што му се јаде нешто толку вкусно а нездраво. Неговиот однос кон чоколадото или бисквитите ќе биде полн со сомнежи и недоумици.

Не дозволувајте храната да биде најголема радост и забава

Ако не оди во кино, не слуша музика, не доаѓаат гости ниту тоа оди кај своите пријатели, детето почнува да црпи позитивни емоции од она што му е достапно – шницла и колачи …
Ако му е на детето цел ден здодевно, ручекот и десертот можат да станат најинтересниот настан на денот, а одењето во ресторан – празник. Радувајте се повеќе и учете го детето да с ерадува затоа што желбата за позитивни емоции е природна за човекот.

loading...