Најдобар рецепт за домашен пластелин: Направете совршено тесто за играње!

Без токсични материи - домашниот пластелин е совршена играчка за сите возрасти!

0
391

Со овој рецепт лесно можете да направите домашен пластелин, или тесто на кое можете да додадете прехранбени бои по ваш избор. Вашите најмали сигурно ќе уживаат и одлично ќе се забавуваат.

Пред вас е основниот рецепт, а вие можете да направите двојно, тројно количество, во зависност од тоа колку пластелин ви е потребен.

Потребни се:

1 чаша брашно

1/2 чаша сол

2 лажици масло

1 чаша вода

половина кесичка лимонтус или винска киселина (може да биде и прашок за пециво)

прехранбени бои по желба

Измешајте ги брашното, солта и лимонтусот.

Ставете вода во тенџерето, додадете ги сите суви состојки и мешајте додека масата не се изедначи, а потоа додадете го маслото.

Ставете го тенџерето на рингла, на среден оган и мешајте постојано за да не изгори.

Кога смесата ќе почне да се одделува од рабовите на тенџерето и ќе стане хомогена, тргнете ја од шпоретот.

Изладете ја масата и додадете бои по желба на вашето дете.

ЗАБЕЛЕШКА: Пробајте го разладениот пластелин и ако е премногу леплив и не е добар за моделирање, повторно вратете го на рингла и измешајте уште малку.

Фото: Pixabay

loading...