Најконтроверзните методи за одгледување деца

Кога ќе си дојдете дома со бебето наеднаш ви се чини како сите да имаат мислење за тоа кои техники би требало да ги користите за да го заспиете, за да го нахраните, а и подоцна, за да му помогнете да учи и да се развива. Мислите ли дека постои вистински рецепт кога станува збор за одгледување на дете?

0
223

Секој родител е поинаков па со оглед на тоа што постојат различни стилови на родителство и воспитување, на вас е да одлучите што е најдобро за вашето дете.

Повивање
Контроверза: Mногумина мислат дека повивањето на новородените бебиња е опасно. Критиарите велат дека повивањето може да предизвика бројни проблеми вклучувајќи ја и дисплзијата на колковите, прегревање и слично.
Дбри страни: Некои родители тврдат дека повивањето им помага на бебињата да спијат подолго затоа што не постои можност да се исплашат додека ги мрдаат рачињата. Меѓународниот институт за дисплазија на колкови во Америка исто така наведуваат дека, доколку правилно го повиваат своето бебе, немаат од што да се плашат.

Ферберов метод
Контроверза: Еден од најконтроверзните начини за грижа за децата е т.н. ферберизација или дозволување бебето да се исплаче кога ќе се вознемири. Овој метод го добил името по педијатарот Ричард Фербер, кој ја осмислил оваа стратегија и ја објавил во книгата „Решете ги детските проблеми со спиењето“.
Имено, Фербер верува дека лулањето или држењето на бебето во прегратка пред спиење нема да им помогне на децата да научат да спијат сами. Тој препорачува детето да се пушти самото да се смири и да се научи да заспива. Меѓутоа, многумина сметаат дека овој метод е суров и дека емоционално лошо да влијае на детето.
Добри страни: Фербер всушност ја поддржува „контролата на плачењето“ – детето не се остава да плаче цела ноќ или додека не заспие, туку извесен пократок временски период. Бебињата често се будат ноќе, а ако сакате да го смените тоа, мора да го научите своето малечко како да заспие без ваша помош, а тоа ќе го постигнете такашто нема секогаш кога ќе се разбуди да го лулате, да го храните или да му пеете. И додека овој метод, дефинитивно, не е за секого, многу родители се колнат дека многу им помогнал.
Слободно родителство
Контроверза: Ленор Скенази, жената која е прогласена за најлоша мајка во Америка го оставила својот малолетен син во метрото со мапа на градот и малку пари за да се снаоѓа, да го запознае градот и да се врати дома, е творец на слободното родителство односно на методата попозната како Free-Range Parenting.
Добри страни: Во своја одбрана Ленор изнела неколку факти: Киднапирањето на деца е ужасна работа, но екстремно ретка. На премногу грижливите родители таа им препорачува да ја прочитаат нејзината книга „Free Range Kids“, за да сфатат дека држењето на децата под стаклено ѕвоно и преголемата грижа нема да спречат да се случат лоши работи. Доколку на децата им оставиме избор, слобода и независност можеме да ги научиме како да бидат поодговорни луѓе, истакнува Скенази.

RIE метод (Resources for Infant Educarers)
Контроверзи: Оваа нива техника за воспитување на деца е се попопуларна , а нејзини следбеници се и некои од познатите личности (Тоби Мекгваер, Пенелопе Круз, Фелисити Хафман). Според многумина, станува збор за многу суров метод кој наложува кон децата да се однесуваме како кон возрасни. Нема скапи играчки, нема возење во количка, …
Добри страни: Овој родителски тренд има за цел да ја зголеми независноста и способноста на идните возрасни единки. Основниот принцип е да го пуштите детето само да учи и да истражува такашто нема да го форсирате да поминува време лежејќи на стомак или да седи исправено пред да покаже самото дека е подготвено за тоа… Исто така, на детето му се дава да си игра со тенџерчиња и со лажици, наместо со скапи играчки што произведуваат разни звуци.

Да се биде мудар со бебето (Babywise)
Контроверза: Во својата книга „Да се биде мудар со бебето“, Гари Еко и Роберт Бакам ги советуваат родителите како нивното бебе да ја преспие ноќта уште од седмата или деветата недела од животот. Тоа звучи прилично добро за исцрпените родители, но постои еден голем проблем. Тие препорачуваат закажување на хранењето на бебето во период од три часа преку ден, не може да се , што може да биде штетно за мало бебе. Американската академија на педијатри вели дека овој метод може да доведе до лошо произведување на мајчиното млеко, како и до тоа бебето да ја изгуби желбата за цицање, односно, да почне да ја отфрла дојката.
Добри страни: Жал ни е, но овој метод баш и нема добри страни. Иако е книгата за една работа целосно во право (Воведување на дневна рутина), не може да се исклучи хранењето по сатница ноќе. На бебето му е потребна храна па ограничувањето на нејзиното внесување е едноставно лошо.

Спиење во ист кревет со бебето
Контроверза: Спиењето во ист кревет со бебето го зголемува ризикот од ненадејна смрт (SIDS), па Американската академија на педијатри ги предупредува родителите да го избегнуваат спиењето со детето се додека не наполни една година.
Добри страни: Една студија од 2013. Година утврдила дека спиењето со бебето ја зголемува стапката на доење, што е секако добра работа, но сепак не го ублажува ризикот од SIDS. За среќа, постои начин на заедничко спиење кое не вклучува делење на истиот кревет. Ставете го креветчето покрај својот кревет и на тој начин ќе бидете до бебето во секој момент кога сте му потребни.

Без пелени
Контроверза: Книгата со наслов „Збогум пелени“ од авторката Ингрид Бауер, предизвикала многу полемики. Таа зборува за изразениот тренд кога мајките не им облекуваат на своите бебиња пелени од раѓање, а тие се сепак чисти и суви. Некои доктори велат дека оваа практика може да доведе до тоа да го навикнете своето дете на контролирање на своите нагони порано отколку што треба, а тоа може да предизвика здравствени проблеми како што се инфекциите на мокрачните патишта и констипација.
Добри страни: Оние кои се приврзаници на овој метод се колнат дека навикнувањето на нокшир ќе оди побрзо и полесно. Освен тоа, тоа што нема да користите пелени за еднократна употреба, несомнено ќе приденесе за заштита на животната средина.

Продолжено доење
Контроверза: Наспроти препораките на Светската здравствена организација за тоа колку долго треба да го доите детето, многу мајки тоа го прават многу подолго. Сепак, педијатрите предупредуваат дека доењето подолго од две години може да има бројни последици за детето. Пред се, на тој начин се отежнува одвојувањето на детето од мајката. Освен тоа, на бебето уште од навршување на првата година му е потребна поразновидна храна.
Добри страни: Американската академија на педијатри советува децата да се дојат до навршена една година, додека СЗО препорачува доење до втората година. Меѓутоа, ниту една здравствена организација не дава цврст податок кога би требало да се престане со доењето. Се додека се дојат, децата добиваат нутритивни врендости од мајчиното млеко, а ниту една студија досега не докажала дека продолженото доење може да биде штетно на психолошка основа.

Сочувствително родителство
Контроверза: Ова родителство е слично на природното родителство во кое постои силна емотивна поврзаност на рдителиуте и децата. Контроверзните практики како што е заедничкото спиење или продолженото доење, се составен дел од ова родителство. Критичарите велат дека родителиуте кои се толку вклучени во живото на своите деца можат да направат децата со време да станат себични.
Добри страни: Приврзаниците векат дека овој начин на одгледување им помага да изградат цврста емоционална врска со децата и да развијат чувство на доверба.

Француски стил на родителство
Контроверза: Памела Дракермен во својата книга „Bringing Up Bebe“ објаснува што научила додека живеела во Франција и заради што им се воодушевува на француските родители. Таа објаснува дека малите Французи се мирни и убаво воспитани деца, ги слушаат родителите, уредно јадат и сами си играат во паркот. Французите не ги надгледуваат своите деца во парк и ги казнуваат за лошо однесување, додека доброто однесување не го наградуваат.
Добри страни: Секако дека треба да го спречиме детето кога сака да се качува на високи конструкции додека не е доволно спремно за тоа или да го наградиме за добро направена работа, на пример, ако наместо во пелени, седне на време на нокшир, но можеби некогаш треба да им се дозволи на децата самите да ја истражат средината наместо да сме постојано околу нив. На крајот на краиштата, како ќе станат независни?

Фото: Pixabey

loading...