Најмалото машко новороденче во светот родено со 265 грама, е здраво и пуштено од болница

Јапонското новороденче кое го презеде рекордот за најмало машко новороденче од машко бебе од Германија родено во 2009. година, со 274 грама, е пуштено од болницата со 12 пати поголема тежина и без здравствени проблеми, соопшти универзитетската болница Кеио во Токио.

0
2416

Предвремено роденото бебе од 268 грама во Јапонија, е пуштено од болница со 12 пати поголема тежина и без здравствени проблеми, соопшти денеска универзитетската болница Кеио во Токио. Ова е најмалото машко новороденче во светот што излегло од болница без здравствени проблеми.

По петмесечен престој на одделението за неонатологија, момчето минатата недела било пуштено од болница со 3.238 грама и нормално цица. Бебето било родено со итен царски рез, во 24. недела од бременоста, откако престанало да расте во стомакот на мајката, па докторите процениле дека животот му е во опасност.

Случаите на бебиња кои при раѓањето тежеле помалку од 300 грама, а се развивале без здравствени проблеми, претходно се забележани во Јапонија и во Германија, покажуваат податоците на Меѓународниот регистар при американскиот универзитет во Ајова.

Ова бебе, кое минатата недела беше пуштено дома, е родено со досега најмала забележана тежина за машко новороденче. Досега рекордот го држеше машко бебе од Германија родено во 2009.година со 274 грама, а најмалото женско новороденче е исто така родено во Германија, во 2015.година, со 252 грама.

Фотографијата и текстот се преземени од ТУКА.

loading...