На бебињата близината и нежноста им се поважни од храната

Физичката и емотивната врска помеѓу мајката и бебето не е важна само за регулирање на неговата физиолошка состојба, туку е клучна за емоционалниот, психолошкиот и интелектуалниот развој на бебето.

0
81

Сите знаеме дека малите бебиња не се согласуваат на одложување на исполнувањето на нивните потреби. Тие плачат, викаат, тажно завиваат, привлекуваат внимание на сите можни начини и знаат да го добијат она што навистина им е потребно во тој момент. Но, дали знаевте дека покрај примарните потреби за кои наголемо се зборува, како што е потребата за храна и за сон, постојат и такви кои се помалку опипливи, но физиолошки подеднакво важни? Потребата за нежност, допир, физички контакт, за присуството на мајката се нужни за опстанокот и целокупниот развој на бебето.

За жал, дури неодамна се популаризираше научниот факт дека физичката и емоционалната врска помеѓу мајката и бебето не е важна само за регулирање на нејзината физиолошка состојба, туку е клучна за емоционалниот, психолошкиот и интелектуалниот развој на бебето. Физичкото присуство на мајката ги смирува отчукувањата на срцето на бебето, го успорува и го продлабочува дишењето, го исполнува телото на бебето со чувство на мир, удобност и безбедност. Токму ова чувство на сигурност, смиреност и доверба се клучни за формирање на емоционално и психолошки стабилна возрасна личност.

Преку исполнување на примарните емоционални потреби на бебето, мајката го храни детето со чувство на сигурност и спокојство – бебето ја апсорбира оваа состојба и со тек на време таа станува доживотно дел од него. Преку родителското гушкање, галење, масирање и допирање, бебето полека го запознава своето тело. Физичката блискост и контактот кожа на кожа се толку важни токму затоа што тие им помагаат на бебињата да го „освојат“ своето тело и да започнат да се чувствуваат „добро во нивната кожа“.

‘4. тримесечје’ – мајката и бебето се споени, нивните потреби се испреплетени.

Во периодот на интензивна поврзаност што следува веднаш по раѓањето, на бебето му е тешко да распознае каде завршува тоа, а каде почнува мајката. Овој период често се нарекува четврти триместар од бременоста – мајката и бебето се споени и нивните потреби се испреплетени. Нежноста, топлината на телото и блискоста во овој период се поважни за нашите мали цицачи отколку самата храна.

Еден од највидливите примери што го опишува овој феномен е познатиот експеримент на психологот Х.Ф. Харлоу изведен резус мајмунчиња. Кога на малите мајмуни им бил понуден избор помеѓу две лимени мајки – едната, која нудела храна, а другата, која обезбедувала топлина, мајмунчињата, без исклучок, ја бирале втората. Парчето мека ткаенина поставено на лимената „мајка“ им било толку важно, бидејќи реплицирало еден од клучните елементи неопходни за нормален развој – топлината и мекоста на крзното на мајката. Додека од прва трчајќи земале храна од првата мајка, цел ден виселе на втората мајка, обидувајќи се да ја повикаат во контакт и да го разбудат нејзиниот интерес.

Секогаш кога биле исплашени, бегале кај нивната „мека“ мајка, такашто нејзината топлина и мекост им помагале да ги регулираат состојбите на напнатост и стрес. Мајмунчињата кои биле лишени од контакт со мајката – кои никогаш не ја почувствувале блискоста и нежноста на нивната мајка – пораснале во социјално неприлагодени единки. Бидејќи главната врска – онаа на мајката и младенчето – по чиј пример се формираат сите други – потфрлил, младите мајмунчиња не ги добиле потребните алатки кои би им овозможиле да функционираат нормално. Тие биле агресивни, исплашени и не можеле да остварат контакт.

Односот со нашите родители ни дава образец сите идни односи.

Можеме да го видиме овој пример како интересен експеримент во развојната психологија, но исто така раскажува и подлабока приказна. Односот со родителите ни дава образец што инстинктивно ќе го вклучиме во сите идни односи. Мама и тато не учат како да сакаме, како да изразиме емоции; ние учиме од нив што значи да се биде среќен, тажен, лут – тие се нашиот патоказ и нашиот водич. Она што тие го кажуваат, не го кажуваат и покажуваат останува дел од нас.

За да бидете најдобри родители на нашите деца, важно е да бидете свесни за своите обрасци, да одлучиме што сакаме да пренесеме понатаму и што сакаме да смениме. Важно е да ги разбереме детски развојни фази, да се обидеме да се поврземе со мислите и чувствата на нашите деца, дека се ставиме во нивните чевли, дури и кога тоа изгледа многу тешко.

Фото: Pexels

loading...