На бебињата не им требаат пелени, веднаш на нокшир или на клозетска шолја

Станува збор за методот Elimination Communication (EC), односно постапка што вклучува слушање на сигналите што ви ги испраќа вашето бебе. Овој метод се применува од првиот ден од животот на бебето и не подразбира нужно неносење пелена, бидејќи може да се практикува и доколку бебето носи пелени. Дали би пробале?

0
279

Мајка на пет деца открила дека сите нејзини деца избегнале носење пелени, благодарение на фактот што таа едноставно ги држела над мијалникот кога требало да вршат нужда.

Со години пред да стане мајка, Андреа Олсон не знаела како би се снаоѓала кога нејзиниот живот би се вртел околу справување со полни пелени. Но, тогаш видела објава на Фејсбук што променила сè.

„Моја пријателка објави на Фејсбук дека нејзиното бебе не користело пелени – тие едноставно го држеле бебето над ВЦ школката или, кога се надвор, над земјата, уште од раѓање и избегнале валкани пелени“, напишала Андреа во статија за „Love What Matters“.

Иако во тоа време немала деца или партнер, таа веднаш знаела дека еден ден сака да се води по овој метод. Патем, станува збор за методот Elimination Communication (EC), односно постапка што вклучува слушање на сигналите што ви ги испраќа вашето бебе. Овој метод се применува од првиот ден од животот на бебето, и постојат неколку варијанти и не подразбира нужно неносење пелена, бидејќи може да се практикува и доколку бебето носи пелени.

Четири години подоцна, Андреа и нејзиниот сопруг биле во исчекување на раѓањето на нивното прво дете. Веднаш се сетила на објавата на Фејсбук и купила книга за Elimination Communication (EC). На денот кога го родила своето прво дете, машко бебе, таа се фатила за нокширот веднаш штом забележала како новороденчето се мрда и се витка. Го држела над нокширот на начин на кој било илустрирано во книгата, сè додека тоа не завршило работа.

„Тоа беше најдобрата работа! Така се посветив на запознавањето на своето бебе и сигурна сум дека тоа ме направи подобра мајка”, вели таа, додавајќи дека, благодарение на ЕК, нејзината самодоверба пораснала. Во следните осум години Андреа родила уште четири деца и сите тие биле ‘беспеленаши’.

Секој пат кога бебето ќе се разбудело, таа или нејзиниот сопруг ќе понуделе нокшир пред сè друго. Таа вели дека верува дека ваквите практики им помогнале на нејзините деца да избегнат осип од пелени, проблеми со варењето на храната, па дури и мокрење во кревет.

„Заштедивме и приближно 10.000 американски долари, колку што би не чинеле пелените“, додала таа. Сепак, признава дека им ставале пелени на децата во текот на ноќта, но тие секогаш ја сметале пелената за „резервна опција“. Ако децата се разбуделе во текот на ноќта, дефинитивно им бил понуден нокшир. Откако децата прооделе, пелените биле целосно отфрлени. Покрај тоа, Андреа се погрижила нејзините деца никогаш да не носат пелени во текот на денот, пренесува The Sun. Таа исто така верува дека беспеленаштвото влијаело врз формирањето на карактерот на нејзините деца. „Моите деца се независни, самоуверени и прилично добри во самоконтролата“, вели таа.

Фото: Инстаграм

loading...