На децата им требаат татковци!

Статистиките покажуваат дека многу земји доживуваат пораст на бројт на семејства во кои нема татковска фигура. Според последните податоци, секое трето дете во САД расте без татко, додека во евроспките земји како Шведска, Исланд и Франција, бројот на самохрани мајки го надминува бројот на оние кои имаат сопружници или партнери.

0
385

Според мислењето на професорката по право Марија Калво од универзитетот Карло III во Мадрид, со отсуството на таткото децата се значиелно оштетени, што подоцна има негативни последици по целото друштво. Според нејзините зборови, 90 отсто од младите во САД кои се наоѓаат во затвор, пораснале без татко.

Недостатокот на татковска фигура е во коренот на повеќето општествени проблеми: насилство , злоупотреба на дрога, малолетничка бременост, кадемски неуспех, бегање од дома… Претходно се сметало дека причина за тоа е сиромаштијата, но не: станува збор за отсуството на татко“.

Шпанската правничка нагласила дека времето кога децата имаат потреба од татко, на возраст меѓу три и пет години, е особено важно. Тогаш, на нивните деца им се потребни на татковците за да послужат како „модел на машкост“, вели таа, изразувајќи загриженост за растечкиот менталитет дека децата можат да се развиваат подеднакво добро без татко.

Тоа, вели Калво, не е точно затоа што без машки модел, децата честопати се водени од стереотипи што ги усмеруваат кон насилничко однесување.

Еден од најдобрите примери на длабоката потреба за татковска фигура е „нихилистичкиот филозоф“ Алберт Ками, кој како и некои други нихилисти, како Ф. Ниче и Б. Расел, пораснал без татко.

На маргините на ракописот на текстот Првиот човек, по неговата смрт беа пронајдени следниве зборови:

Ми треба некој да ме води; Ми треба некој да ме фали, да ме казни, но не со својата моќ, туку со авторитетот. Ми треба татко ми“.

Калво, исто така, истакнала и дека таткото во текот на растењето ја компензира желбата на мајката за да му обезбеди сè на детето, со тоа што на децата им воспоставува на децата чувство за хиерархија, што подоцна се рефлектира врз почитувањето на родителскиот и останатите авторитети.

Во исто време, таткото им дава слобода на децата, додаде Калво, затоа што ги охрабрува децата да ги надминуваат границите што понекогаш им ги поставуваат мајките кои понекогаш се поставуваат премногу заштитнички.

Шпанската правничка заклучила дека децата добиваат најдобро воспитување кога и двајцата родители се присутни и дека и двајцата се клучни за развојот на нивното дете. Ако еден од нив недостасува, мора да се преземат чекори за да се компензира родителот што недостасува.

Фото: Pixabey

loading...