На породување не се оди со лакирани нокти!

Дури и најидеалната бременост може да заврши со царски рез, кој, како и другите хируршки интервенции, носи одредени ризици. Истото важи и ако имате закажано царски рез или породување со епидурална анестезија. Во случај во текот на зафатот да дојде до компликации, бојата на ноктите е првото што ќе покаже дека нешто не е во ред.

0
589

Теророт на убавината не стивнува! Напротив! Само се шири и тоа со таква брзина и прогресија што со неа ќе бидат опфатени апсолутно сите, од бебиња до баби. Под влијание на медиумите, а особено на социјалните мрежи, од кои ни се смешкаат убави, свежи, одморени, штотуку породени жени со рамни стомаци и бујни гради, има сé повеќе и повеќе бремени жени кои ги поминуваат деновите пред породувањето во салоните за нега и убавина, на фризер, педикир и маникир.

Иако на бремените жени не им е забрането боење на косата и полирање и надградување на ноктите, гинеколозите советуваат посебна внимателност при употребата на хемикалии. Не смеете да штедите пари на лак, туку треба да купувате проверени брендови, да користите средства за симнување на лак без ацетон и да избегнувате надградби бидејќи со нив одат и турпијање и прашина.

Маникир и педикир треба секогаш да се прават во проверени салони кои ги стерилизираат приборите за работа, затоа што на бремените жени, разбирливо, не им треба никаква инфекција, дури и ако станува збор за кутикула.

А кога станува збор за породување, ако вашиот гинеколог не ви обрнал внимание на тоа, кога ќе почнат контракциите, избришете го лакот, а излиените нокти и гел лакот отстранете ги веднаш штом ќе влезете во деветтиот месец. Дури и најидеалната бременост може да заврши со царски рез, кој, како и другите хируршки интервенции, се изведува под анестезија што носи одредени ризици. Истото важи и ако имате закажано царски рез или породување со епидурална анестезија.

Во случај во текот на зафатот да дојде до компликации, бојата на ноктите е првото што ќе покаже дека нешто не е во ред. Во случај на пад на нивото на кислород, проблеми со срцето и другите витални органи, бојата на ноктите се менува, а тоа може да се види само ако не се налакирани.

На крајот на краиштата, во текот на бременоста, а особено пред породувањето, не ви требаат лакови за нокти, екстензии во коса, ниту вештачки трепки. Сега сте поубави од било кога затоа што зрачите со љубов кон бебето кое го чекате.

Фото: Pixabey

loading...