На 6 години беше прогласена за најубава, на 17 повторно ја освои титулата

Најубавото девојче на светот ја освои титулата за најубаво лице една декада откако беше крунисана како детска ѕвезда. Што мислите за животот на овие деца-ѕвезди, имале ли време да бидат деца?

0
1017

Иако се вели дека убавината е во очите на тој што ве гледа, сепак натпреварите во убавина се реалност и често се објавуваат листи на најубави и најпосакувани.

Така Тилејн Блондо, на само 6 години беше прогласена за најубаво девојче на светот, а денеска, 11 години подоцна, повторно се најде на листата на стотина најубави лица на светот според изборот на TC Candler.  Критичарите собрани во TC Candler, кој на социјалните мрежи го следат половина милион луѓе, речиси 3 децении составуваат листа на сто најубави жени на светот а годинава Тилејн го зазеде првото место.

„Не можам да верувам. Благодарност до TC Candler и сите кои гласаа. Никогаш не мислев дека ќе бидам број 1“, ги споделила среќните вести со своите 2,6 милиони следбеници на Инстаграм.

Изборот за најубаво лице постои од 1990 година, а претходно победнички биле Мишел Фајфер, Мег Рајан, Никол Кидман, Кира Најтли, и многу други познати имиња.

Инаку, Тилејн е ќерка на пензионираниот фудбалер Патрик Блондо, и има прилично контроверзна кариера на модел со оглед на тоа што на само 4 години носеше модна ревија на Жан Пол Готје, а две години подоцна се појави на насловната на списанието Vogue Enfants.

На 10 години беше најмлад модел кој некогаш позирал за Vogue Paris, а лансирала и сопствена линија на облека.

Фотографијата е преземена од ТУКА.

loading...