Неверојатна снимка: Породување среде паркинг (ВИДЕО)

Додека некои жени се мачат со часови додека да се породат, други немаат време ниту да стасаат до родилната сала. Се разбира, има и средина, кога стасуваат на време, а се породуваат брзо и лесно и тоа е секако најпосакуваата варијанта. Какво е вашето искуство?

0
417

Сузан Андерсон не успеала да го дочека доаѓањето во родилната сала. Добила породилни болки и заедно со сопругот Џозеф, тргнале со автомобил во болницата, но нетрпеливото бебе сакало да се роди што е можно поскоро.

Кога двојката од Флорида пристигнала во болницата, Сузан започна да се породува веднаш откако излегла од автомобилот. Сè е снимено од камерите на паркингот, па видеото излезе во јавноста. На видеото се гледа како Сузан се наведнува додека сопругот ја придржува, а бабицата го дочекува бебето во раце.

„Направивме еден чекор, а главата веќе излегуваше“, рекла бабицата која ѝ помогнала на Сузан.

Инаку, ова била втора бременост на Сузан. Пред неколку години, таа родила девојче  кое сега добило помала сестричка, но овојпат сè поминало многу побрзо.

Фото: Јутјуб скриншот

loading...