Недостатокот на јод е закана за развојот на мозокот на децата

Научниците стравуваат дека 50% од сите новородени во Европа не го достигнуваат својот целосен когнитивен потенцијал поради јоден дефицит. Недостатокот на јод кај мајката за време на бременоста – во земјите со јоден дефицит во исхраната, е честа причина за кретенизам кај новороденчето.

0
300

На вчерашната промоција на монографијата „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година“ на Медицинскиот факултет во Скопје, можевме да слушнеме дека, Македонија, со својата долгорочна политика за универзално јодирање на солта, која се спроведува од 1999. година е меѓу 12. земји во светот кои достигнале одржлив јоден суфицит на населението

Јодот е неопходен микронутриент кој во организмот се внесува преку водата и храната. Тој е потребен за производство на тироидни хормони, кои се важни регулатори на метаболизмот, растот и развојот.

За време на бременоста, жените имаат зголемена потреба од јод, чиешто внесување честопати е недоволно преку редовната исхрана. Дури и умерен дефицит на јод претставува ризик од оштетување на неврокогнитивните функции и намалување на коефициентот на интелигенција на нивното потомство.

Сепак, многу мајки не се свесни за последиците од недоволното внесување на јод. Експертите тврдат дека во многу европски земји кои имаат програми за доброволна јодна фортификација, до 50% од сите новородени се изложени на умерен јоден дефицит и последователно на ризик од ограничување на нивниот когнитивен потенцијал. Дефицитот на јод влијае на околу две милијарди луѓе и е водечка причина за интелектуална попреченост.

Во време на гравидитетот значително се зголемени потребите од тироидни хормони. Во овој период тироидната жлезда на мајката треба да обезбеди оптимални количини на тироидни хормони за нормалниот раст на фетусот, кои се 1,5 до 2 пати поголеми во однос на состојбата пред гравидитетот. Јодниот дефицит се продлабочува во тек на гестацијата со премин на дел од јодот од циркулацијата на мајката во феталниот простор и поради зголемениот бубрежен клиренс на јод за време на гравидитетот. Во време на лактацијата значителни количества на јод се елиминират со млекото.

Зголемените потреби од хормоните можат да се задоволат само со зголемена хормонска продукција, која кај здрава гравидна жена зависи од соодветен внес на јод. Недостаток на јодот во организмот во време на гравититетот   предизвикува хипотироксинемија кај мајката.

Недостаток на јодот во организмот во време на гравититетот предизвикува сериозни пореметувања во развојот на мозокот на фетусот, ментална ретардација и намалување на коефицијентот на интелегенцијата кај новородените. Степенот на овие оштетувања зависи од времето и интензитетот на дефицитот на тироидните хормони.

Во време на лактацијата јод преку млекото на мајката се пренесува на доенчето за да обезбеди нормално создавање на тироидни хормони и негов нормален физички и психички развој. Во овој период продукцијата на тироидните хормони кај мајката се нормализира, меѓутоа јодот се губи преку млекото. Во еден литар млеко има 150 до 180 микрограми јод. Поради тоа, јодниот внес кај доилките требе да изнесува најмалку 250 микрограми дневно.

Кај гравидните и доилките јодниот внос преку храна и јодирана сол не може да се зголеми до нивото што одговара на нивните зголемените потреби, посебно што поради други здравствени причини им се советува да консумираат што помалку сол. Денес во светот постои консензус дека дефицит на јодот кај бремените и доилките треба да се надоместува со суплементација на јод. Во  много развиени земји веќе се применува секојдневно давање на јод, најчесто во форма на таблети. Суплементацијата ја користат повеке од 50 % од бремените жени и доилки во Европа. Количината на јодот за суплементација требе да се одреди оделно за секоја земја.

Недостатокот на јод кај мајката за време на бременоста – во земјите со јоден дефицит во исхраната ова е честа причина за настанување на кретенизам кај новороденото.

Кретенизам е медицинска состојба која се јавува при раѓање каде што кај новородените има намалена или воопшто нема тироидна функција, како и продукција на тироидни хормони. Доколку не се третира, може да доведе до сериозни физички и ментални нарушувања кај новороденото.

Кои се знаците на кретенизам?

  1. Фонтанели: поголема предна фонтанела, исто така присуство на задна фонтанела
  2. Сува и кршлива коса
  3. Лице: изгледа подуено и има спори реакции
  4. Голем и задебелен, испакнат јазик
  5. Испакнат папок
  6. Оток: периорбитален, оток на екстремитети и на гениталии
  7. Жолтица: жолтеникава промена на бојата на кожата
  8. Хипотермија: ниска телесна температура
  9. Хипотонија: намален мускулен тонус – ‘млитаво бебе’
  10. Рапаво или слабо плачење
  11. Отежнато дишење
  12. Срцеви проблеми: брадикардија(намалена срцева работа), абнормалности на срцеви залистоци
  13. Знаци на намален раст
  14. Намален напредок во тежина

Кои се симптомите за кретенизам? 

  1. Прекумерно спиење
  2. Намалена активност
  3. Констипација: намалена активност на цревата
  4. Гушење

Третман

Главна цел на третманот на кретенизам е рана детекција и ран почеток на третман. Доколку се започне со терапија во првите 2 недели од раѓањето, значително се превенираат последиците од оштетувањето на мозокот и нервниот систем.

Фото: Pixabey

loading...