Нема врска помеѓу аутизмот и ММР, потврдува досега најголема студија спроведена во Данска

„Се сеќавам пред неколку години, дури и видовме дека Доналд Трамп во неговата кампања за претседателската кампања пишуваше твитови за вакцините што предизвикуваат аутизам", вели д-р Андерс Питер Хвид од Statens Serum Institut во Копенхаген чија последна студија ги тестирала сите теории на анти-ММР активистите и покажала дека се лажни.

0
194

Нова голема студија од Данска покажува дека нема поврзаност помеѓу вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола и  аутизмот. Студијата е спроведена во обид да се разувери зголемениот број на оние кои имаат сомнежи во вакцинацијата, бидејќи епидемиите на мали сипаници се зголемуваат на глобално ниво.

Сомнежите за поврзаноста помеѓу ММР вакцината и аутизмот беа посеани од гастроентерологот Ендру Вејкфилд во 1998. година.

Симптомите на аутизмот често почнуваат да се манифестираат околу периодот кога се дава вакцината, на возраст помеѓу 12 и 15 месеци.

Теоријата е дискредитирана и Вејкфилд подоцна беше отпуштен од практикување на медицината, но се појави сомнеж во безбедноста на вакцините, кои се распространуваа сѐ повеќе преку социјалните медиуми и во некои земји, исто така, се оснивањето на анти-вакцинерски групи.

Во науката и во здравствените кругови тоа прашање одамна се смета за решено и многу студии објавени во текот на многу години ги отфрлаат овие тврдења, но во случајов станува збор за нова навистина голема студија во која се вклучени 657.461 деца во Данска, родени во периодот помеѓу 1999 и 2010 година.
Трудот е направен од страна на истражувачите во Statens Serum Institut во Копенхаген.

Во петокот, УНИЦЕФ предупреди дека случаите на морбили порасна на шокантни нивоа ширум светот, ширејќи се меѓу невакцинираните деца. Светската здравствена организација соопшти дека невакцинерите се една од 10-те најголеми глобални закани за здравјето.

Документот во списанието Annals of Internal Medicine, објавен од Американскиот колеџ за лекари, го напишаа данските истражувачи, кои исто така спроведоа една од клучните студии кои ја негираат врската на аутизмот со вакцините во 2002 година. Нивната најнова работа вклучува 6.517 случаи на аутизам, најголем број досега, помеѓу 650.000 деца во данскиот регистар на население, кои се следеа повеќе од 10 години.

Д-р Андерс Питер Хвид од Statens Serum Institut во Копенхаген изјави: „Тоа [студијата од 2002.година] беше објавено во весникот за медицина на Нова Англија пред 16 години, но не ја потисна идејата дека вакцинацијата предизвикува аутизам.

„Се сеќавам пред неколку години, дури и видовме дека Доналд Трамп во неговата кампања за претседателската кампања пишуваше твитови за вакцините што предизвикуваат аутизам”.

Истражувачите имаа за цел конкретно да се осврнат на некои од критиките на лобито за анти-вакцинација, како што е сугестијата дека некои групи на деца се поподложни на аутизам по ММР вакцинацијата од другите. Истражувачите ги следеле децата со сестри или браќа кои имаат аутизам и оние со зголемени фактори на ризик за аутизам, како што се постарите родители.

Сите теории на анти-ММР активистите биле тестирани во студијата, вели Хвид, и се покажало дека се лажни.

„Идејата дека вакцините предизвикуваат аутизам сè уште е присутна. И антиваксерското движење можеби само се зајакна во последните 15 години. Трендот што го гледаме е загрижувачки – вели тој.

Моментално во САД има шест епидемии на морбили, а во јануари и во февруари се забележани 206 случаи, покажуваат податоците на Центарот за контрола и превенција на болести. Тој број е поголем отколку вкупниот број за 2017 година.

Епидемија на морбили има и во многу други земји низ светот. Европската регионална канцеларија на Светската здравствена организација извести дека низ континентот минатата година имало повеќе од 85.000 заболени и 72 смртни случаи за кои причина биле морбилите.

Но, дали уште една студија која ја негира поврзаноста меѓу ММР-вакцината и аутизмот ќе направи некаква разлика? Не се сите сигурни во тоа.

Во воведна статија објавена заедно со студијата, Саад Омер од Универзитетот „Емори“ забележува дека е важно да се мисли за опортунитетниот трошок кога се носи одлука за посветување истражувачко време и пари за понатамошно истражување на толку познато прашање, пишувајќи дека продолжувањето на оценувањето на хипотезата за поврзаноста може да биде на сметка на неистражување на некои од најнадежните информации.

Тој додава и дека доказите засега не ги победиле скептиците.
„Се вели дека живееме во свет отпорен на факти, каде што податоците имаат ограничена вредност на убедување“, вели Омер.

Но, Хвид вели дека големината на студијата ѝ дозволила на неговата група да разгледа некои дополнителни тврдења за ММР-вакцината – на пример, дека кај децата што се сметаат за ризични кога станува збор за развивање аутизам, може да има поголема веројатност да се дијагностицира состојбата ако ја примат вакцината. Тој аргумент некогаш се наведува за деца што имаат брат или сестра со аутизам.

Данските податоци, кои се извадени од национален регистар за здравство, не покажуваат подем на аутизмот кај оваа подгрупа на деца. Ниту пак е забележан почеток на симптоми на аутизам околу тајмингот на вакцинацијата со ММР.

– Не најдовме поддршка за хипотезата за зголемен ризик за аутизам по вакцинација со ММР кај данските деца, нема поддршка за хипотезата дека вакцинацијата со ММР предизвикува аутизам кај осетливи подгрупи карактеризирани со околински и семејни фактори на ризик и нема поддршка за насобирање случаи на аутизам во одредени временски периоди по вакцинација со ММР – пишуваат Хвид и коавторите.

Омер вели дека фокусот сега треба да биде на студии кои разјаснуваат како најдобро да се убедат родителите кои се колебливи кога станува збор за вакцините дека тие се безбедни и дека се од најдобар интерес за нивните деца. Напредокот се постигнува преку сфаќање како ефикасно да се комуницира со таквите родители, смета тој, забележувајќи дека тие се поголема група од оние гласните лица што категорично ги одбиваат вакцините.

„Заради страв од аутизам родителите не треба да го избегнуваат вакцинирањето на своите деца,“ по којзнае кој пат ќе биде кажано, овојпат од водачот на истражувањето, доктор Андер Хвид.

Фото: Pixabey

loading...