Неодолива Велигденска торта во форма на зајче (ВИДЕО)

За да ја направите оваа неодолива торта, потребен ви е само вкусен пандишпан, а во украсувањето можат да ви се придружат и вашите деца.

0
289

Токму правењето пандишпан е и првиот чекор во правењето на оваа Велигденска торта. Направете 2 пандишпани со кружен облик, а еве го и рецептот:

За еден пандишпан ви се потребни:

5 јајца

5 лажици шеќер

5 лажици брашно

1 прашок за пециво

Приготвување:

Пред да почнете со приготвување на состојките, вклучете ја рерната на 200-220 степени. Тепсијата со тркалезна форма за печење на пандишпанот подмачкајте ја со малку маст, путер или масло и поросете со брашно за да не ви се залепи тестото.

Потоа одвојте ги белките од жолчките. Во еден сад изматете ги белките во цврст снег. Кога смесата ќе стане густа, почнете да додавате една по една жолчка со постојано матење. Постепено додавајте шеќер и прашок за пециво. Кога сѐ добро ќе се соедини, додадете го брашното и мешајте го со рачна мешалка, не со миксер. Ставете ја смесата во тепсијата и печете во рерна на температура од 180 степени.

Би требало да се испече за 20-30 минути со тоа што при крајот би требало да пробате со чепкалката дали е готово. Оставете го колачот 1-2 минути во полуотворена рерна.

Втоор чекор е формирањето на зајачето. За да видите на кој налн се прави и како да го украсите, погледнете го ова едноставно видео.

Фотографијата и видеото се од ТУКА.

loading...