Не барајте медицински совети на гугл, не им ги чистете ушите на децата со стапчиња

Педијатарот Бил Буш споделил со родителите неколку совети за работи што ги прават многу често кога станува збор за здравјето на нивните деца, а не се секогаш вистинското решение

0
212

Родителството не доаѓа со прирачник, толку многу нови мајки и татковци мораат сами да научат многу и да се справат со секојдневните предизвици на родителството. Многу совети, од баби и дедовци, од пријатели и од интернет, не се секогаш најсигурни. Многу пати кога се кај педијатар родителите се под стрес, во брзање, а понекогаш и се срамат да ги постават сите прашања. Педијатарот Бил Буш од детската болница во Мичиген споделил неколку совети со родителите за работи кои тие многу често ги прават, а тој им советува да престанат.

1. Престанете да барате медицински совети на Интернет

Кога родителите се во паника поради некој симптом кај детето, првото место кадешто обично се обраќаат е „Гугл“. И иако има многу сигурни страници и стручни совети, невозможно е да се добие дијагноза преку интернет-страници. Наместо тоа, др. Буш советува веднаш да го посетите вашиот лекар. „Родителите многу често се убедени дека нивното дете има некоја болест, само врз основа на она што го прочитале на Интернет“, вели д-р. Буш.

2. Антибиотиците не се секогаш вистинското решение

Природно е да сакаме нашите деца да се опорават што е можно поскоро, но антибиотиците не се секогаш решението. „Постојат моменти кога е апсолутно соодветно да се даде антибиотик, на пример кај бактериски инфекции, но за повеќето пациенти, антибиотиците не треба да бидат првиот избор“, вели д-р Буш. За да се опорави детето, потребно е малку време и мирување и најчесто се доволни природни лекови како што се чаеви, овошје и други лековити намирници“.

Покрај тоа, давањето антибиотици премногу често може да доведе до развој на отпорност, што доведува до потешка борба против бактериите.

3. Ограничете го времето поминато пред екраните

Да бидеме реални: Екраните се дел од нашите животи и многу е тешко да се избегнат, а порано или подоцна, децата се изложени на ТВ екраните, мобилните телефони, компјутери и таблети. Сепак, д-р Буш ги советува родителите да им овозможат на своите деца секојдневно време поминато на отворено, вежбање и активности што вклучуваат интеракција лице-в-лице. „Децата треба да бидат охрабрени колку што е можно повеќе да си играат со своите родители, другите членови на семејството и пријателите наместо да гледаат цртани филмови или да играат видео игри“, вели д-р Буш.

4. Не го обвинувајте времето поминато надвор за настинката на вашето дете

Ова е еден од митовите што никогаш нема да исчезнат. Вашето дете нема да фати настинка ако е без јакна, за една минута до автомобилот. „Вирусни заболувања како што е настинката доаѓаат од ширењето на бактериите, кога децата допираат сè околу нив и потоа ги допираат носот, очите и устата“, вели д-р Буш.

5. Престанете да користите стапчиња за уши

Многу родители мислат дека стапчињата за чистење уши помагаат за хигиената на нивното дете, но тие всушност само го туркаат восокот подлабоко во ушите. „Децата понекогаш имаат болки во ушите или губење на слухот токму поради стапчиња за уши и восокот заглавен длабоко во нив“, вели д-р Буш.

Наместо тоа, од време на време оставете малку вода да влезе во ушите на вашето бебе додека се бања, бидејќи влагата природно ќе му „помогне“ на восокот да излезе надвор.

6. Не паничете за температурата на вашето бебе

Загрижувачки е кога бебето има покачена температура, но откако бебињата ќе ја поминат фазата на новороденче, кога температурата претставува опасност, треба да посетите лекар поради други симптоми. „Симптомите како што се течење на носот, кашлица или болка во одреден дел од телото се податоци кои ни помагаат да донесуваме одлуки за дијагноза и третман. Всушност, ретки се случаите кога е температурата алармантна”, вели Д-р Буш.

Фото: Pexels

loading...