Не ги оставајте децата во автомобил ниту на 5 минути

Речиси секоја година во вестите од светот наидуваме барем на еден случај со фатални последици поради оставањето на децата во автомобил на жешкото сонце - само за да претрчаат родителите некаде на пет минути.

0
247

Во овој период од годината кога е надвор многу жешко, треба особено да внимаваме како жештината да не им наштети на децата. Речиси секоја година во вестите од светот наидуваме барем на еден случај со фатални последици поради оставањето на децата во автомобил на жешкото сонце – само за да претрчаат родителите некаде на пет минути.

Можеби мислите дека тоа вам не може да ви се случи, но поради големиот број обврски кои ги имаме во текот на денот, за да заштедиме време едноставно си помислуваме „нема да се случи ништо, само да претрчам на кратко до банкомат“ и го оставаме детето во автомобил. Многу пати се случило родителите едноставно да заборават на детето во седиштето среде голема трчаница и многуте обврски.

Обидете се да се организирате така за да немате потреба да го оставате детето во седиштето, па секоја вечер пред спиење, запишете си ги на хартија сите обврски за следниот ден, од купување мастики со прошетка на кучето. За секоја од тие обврски организирајте каде ќе биде детето во тој момент, дали ќе биде со вас или некој ќе ви го причува.

Кога завршувате ситници низ град, носете ја со себе количката за полесно да ги завршите обврските заедно со детето. Ако е бебето помало, носете го во марама или во кенгур. Не го оставајте смао во автомогил по никоја цена, дури ни само на „пет минутки“.

loading...