Не ги парете своите вагини!

Лекарите предупредуваат на опасноста од популарниот третман за подмладување на женскиот полов орган кој стана популарен благодарение на неколку холивудски ѕвезди

0
736

Благодарение на неколку американски ѕвезди, парењето на вагината или вагиналниот детокс стана нов тренд на подмладување. Го пропагираат Гвинет Полтроу, Криси Тајген и други холивудски ѕвезди, а според медицинарите, тој е целосно непотребен и опасен, а смислен е за индустријата за убавина да собере уште пари.

„Седите на мал трон, а комбинација од инфрацрвени зраци и пареа ви ја прочистуваат матката. Тоа е енергетско опуштање кое го урамнотежува нивото на хормони. Ако сте во Лос Анџелес, морате да пробате“, напишала Гвинет Полтроу во 2015. Година на својот контроверзен портал Goop. Лекарите веќе предупредувале дека актерката таму пишува будалаштини и дели опасни совети.

Најлоша варијанта е да се испроба овој метод дома, пишува Космополитен.

Неодамна во Канада, 62.годишна жена завршила во болница со изгореници од втор степен. Седела дваесет минути над лонец со зовриена вода и лековити билки. Завршила на антибиотици, а инфекцијата едвај ја спречиле.

Бројни лекари и експерти ги искористиле социјалните мрежи за да укажат на опасноста од овој третман кој, додаваат тие, е целосно непотребен. Вагината е орган кој се чисти сам од себе и не му се потребни ниту сапун, ниту растителна пареа.

„Ако мислите дека парењето на вагината е добро за вас, не знаете ништо за вагината и тоа е тажно, особено затоа што жените им го наметнуваат тоа на други жени“, напишала д-р Џенифер Гунтер.

Фото: Unsplash

loading...