Не им менував пелени, не ги хранев, не ги сакав

Мојот сопруг не знаеше. Тој отсуствуваше многу, работеше. Не можев да му кажам, бидејќи ќе зажалеше што има деца со мене. Бев целосно сама. Еден ден одлучив да не ги земам од јаслите. Сакав да ги оставам таму, да ги пуштам да плачат. Не ми беше гајле, признала една мајка, раскажувајќи ја својата потресна приказна

0
632

Мајката Тифани Џeнкинс искрено проговорила за својата борба со постпородилната депресија и испратила директна порака до сите жени.

„Не ги сакав своите деца во моментите кога е направена оваа наша фотографија. Јас всушност им забележував што постојат. Кајден имаше 17 месеци, а Клои имаше еден месец, а јас не сакав да бидам нивна мајка. Не сакав да им менувам пелени, да ги хранам и поголемиот дел од времето ги оставав сами во креветчињата и бегав, не сакав никогаш да се вратам. Сериозна сум.

Знам дека устите на многу луѓе се подотворени од гадење додека го читаат ова, а на некои веројатно им се гади ваквото размислување и мислат: „Како некој може да не ги сака своите деца?“ Знам, затоа чував сè за себе толку долго време. Јас молчев и ги закопав своите мисли. Се смеев на фотографиите и глумев лажно воодушевување кога некој ќе им се восхитуваше.
Плачев, честопати, всушност поголемиот дел од денот. Го доведував во прашање мојот разум и постојано се навредував затоа што сум толку ужасна личност. Јас врескав, се скрив, ги пуштав да плачат и си ја кубев косата. Не ги сакав повеќе. Не ги сакав.

„Мојот сопруг не знаеше. Не можев да му кажам, затоа што ќе зажалеше што има деца со мене. Бев целосно сама. Еден ден решив да не ги земам од јасли. Сакав да ги оставам таму, да ги пуштам да плачат. Не ми беше гајле. Се обидов да бидам загрижена, но не успеав.

Наместо тоа, се јавив во лекарската ординација и му реков на докторката дека имам проблем – не сакам повеќе да бидам мајка. Тогаш докторката почна да ми зборува за постпартална депресија и ми се чинеше како да го водела тој разговор илјадници и илјадници пати. Се покажа дека јас сум една од МИЛИОН жени кои во тој момент доживеале такви чувства.

Не бев луда. Нешто не беше во ред со мојот мозок. Нешто што не можев да го поправам самостојно. Јас и мојот лекар го поправивме заедно, моите деца сега имаат 4 и 6 години и ги обожавам толку многу што срцето ме боли физички кога ќе се сетам на сите тие лоши работи. Би го дала животот за нив без да трепнам.

Барањето помош ми беше најголемиот подарок што некогаш сум го побарала. Ако нешто од ова ви звучи познато, само сакам да знаете – не сте сами. Вие не сте луди – и не мора да биде така. Кажете некому. Кажете некому ДЕНЕС. Сè ќе биде подобро“.

Фото: Unsplash

loading...