Не си играјте со нашите деца

Откако Данска на 14.април ги попушти мерките кои беа донесени како превенција од заразата со коронавирусот, отварајќи ги училиштата и градинките, многу родители се загрижени дека тоа би можело да доведе до нов бран на заболувања, не ги пуштаат децата на училиште и порачуваат: Не си играјте со нашите деца!

0
331

Бројот на нови случаи на зараза со коронавирус во оваа земја е во опаѓање, но одлуката на властите довела до вжештени дебати како да се доведат во рамнотежа економските потреби и безбедноста на популацијата, во овој случај на најмладите.

„Нема да ги праќам децата во училиште без оглед на сѐ“, вели Сандра Андерсен, оснивач на ФБ групата My kid is not going to be a Guinea Pig која има повеќе од 40.000 следбеници.

„Мислам дека многу родители размислуваат зошто нивните деца да бидат први кои би излегле надвор“, вели мајката на две девојчиња на возраст од 5 и 9 години.

Во Данска мерките беа на сила еден месец. Со вирусот се заразени повеќе од 6600 лица, а забележени се и речиси 300 смртни случаи. Освен школите и градинките, не работеа ни кафулињата, рестораните, баровите, кината и теретаните.

Данската премиерка била на обиколка во училиште во Копенхаген кадешто наставата за учениците до петто одделение се одвива од 15.април.

Кристиан Вејсе, научник од одделот за инфективни болести на универзитетот „Аархус“, вели дека ја разбира загриженоста на луѓето „затоа што тие морале да избегнуваат каков било контакт еден месец“.

„Но, ова е возрасна група во која има релативно малку случаи и сите поминуваат без посериозни симптоми“, додава Вејсе, а пренесува Светскиот економски форум.

Нивните соседи во Шведска ги оставија училиштата отворени и нема драматично зголемување на случаите на инфекција, посочува научникот.

На училишниот персонал му било укажано да одржуваат дистанца со децата.

„Мислам дека е невозможно на децата да им се забрани да ги прегрнат своие пријатели. Ги држиме дома затоа што ситуацијата и пред ковид-19 не беше добра, а условите сега се уште полоши“, вели Ноне Бехрсин Хансен, мајка на деца на возраст ид две и четири години.

Повеќето членки на Momster, онлајн заедница која обединува илјадници дански мајки, не им веруваат на властите деја ја држат ситуацијата под контрола.

„Сите овие мајки наеднаш имаат чувство како да морале да ги пуштат своите деца во првата борбена линија и верувам дека нивната реакција значи: ‘Не си играјте со нашите деца’, заклучила директорката на Momster Есме Ема Сутцу.

Фото: Pexels

loading...