Никогаш не ги ставајте децата во автомобилско седиште со зимска јакна!

Тестовите со автомобилски несреќи со кукли покажале колку ова може да биде опасно

0
482

Настинката може да се излечи, но скршениот врат не може! Повеќето луѓе не размислуваат за тоа, па како повеќе да се плашат од настинка. Со доаѓањето на постудените денови, ние се облекуваме потопло и се чини логично да го оставиме детето во зимска јакна во неговото седиште во автомобилот.

Но, тоа може да биде огромна грешка, особено во случај на судир кога ова најмногу може да дојде до израз. Зимските јакни, особено оние дебелите и изработени од лизгави материјали, спречуваат доволно ефикасно затегнување на безбедносните ремени.

Покрај тоа, тие се дебели и повторно спречуваат добро затегнување на ременот преку детето. И покрај тоа што изгледа дека сте го стегнале добро детето, вие всушност не сте го направиле тоа. Останува многу простор помеѓу телото на детето и ременот, и токму тоа е клучно во случај на судир. Така детето може полесно да излета од седиштето како да не е ни врзано.
Тестовите со автомобилски несреќи со кукли во зимски јакни покажале колку може да биде ова опасно. Куклите излетувале од седиштата во автомобилот, колку и да биле врзани. Ова го зголемува ризикот од многу опасни повреди на главата, вратот, фрактури и фатални повреди.

– Зимските јакни, скафандерите и генерално, дебелата и лизгава облека спречуваат детето да биде соодветно задржано на автомобилското седиште. Имено, безбедносниот ремен мора да биде цврсто прицврстен на телото на детето за да може да се исполни неговата заштитна функција. Дебелите јакни и слична облека го прават ова невозможно и во случај на судир, детето може да се лизне од ремените и да биде сериозно повредено.

Фото: Pexels

loading...