Нова апликација за наплаќање на  родителските „такси“ услуги

Дали сте еден од оние родители кои постојано ги возат своите деца на разни активности, на родендени, во училиште? Сега има апликација со која ќе можете овие „такси“ услуги да им ги наплатите на своите деца такашто тие за возврат ќе треба да завршат некоја домашна овбрска.

0
74

На пазарот е лансирана апликацијата Parent Taxi со чија помош можете на децата да им го наплатите „развозувањето“ наваму-натаму во облик на домашна задача. Ако сакаат да ги однесете на роденден, децата ќе мораат за возврат да ги измијат садовите или да ги исперат алиштата.

Имено, истражувањата покажале дека родителите во Велика Британија превезувајќи ги децата годишно поминуваат 2652 километри. Оваа бројка е еквивалентна на 12.565 фунти, колку што би чинеле такси услугите за оваа километража.

Дури 66 отсто од родителите изјавиле дека се чувствуваат како таксисти на своите деца.

Се разбира, децата никогаш нема да им плаќаат на своите родители за превозот до училиште, на тренинг или до кај некој нивен пријател, но сега ќе можат тоа да им го наплатат барем во форма на домашни обврски. КОга ќе стигнете на целта, апликацијата ќе пресмета  колкав пат сте поминале и ќе ве извести кои домашни обврски можете да ги добиете како замена за возењето.

Возачот, односно, родителот, може дури да му ја испрати сметката на своето дете на мобилен или да го сподели на социјалните мрежи и така да има доказ што треба да добие од детето.

Од обврските кои се во понудата, помеѓу другото, се средувањето на собата, миењето садови или фрлањето ѓубре.

Фото: Pexels

loading...