Нова кампања во Лондон ги покажува реалните женски тела по раѓањето

Нова рекламна кампања на Mothercare во лондонското метро го прикажува женското тело по породувањето, без употреба на дигитално ретуширање.

0
522

Кампањата на Mothercare – Body Proud Mums има за цел да претстави „дел од мајчинството што ретко може да се види во медиумите“, се вели во соопштението.

Кампањата содржи 10 фотографии на жени кои ги држат бебињата и носат само долна облека, а откриваат лузни, стрии и други физички ефекти од бременоста и породувањето. Рекламите се појавуваат во повеќе од 30 станици во метрото низ Лондон, на LCD екрани и на панелите покрај ескалаторите.

Mothercare's ad campaign celebrates the unedited bodies of new mothers.

Лиз Деј, родителски консултант за Mothercare, изјавила за CNN дека трговците сакаат да го “слават фактот дека сите жени се толку различни, иако често тоа не е прикажано во рекламирањето и фотографијата”.

Фотографиите, исто така, се појавуваат и на социјалните медиуми, заедно со приказните на моделите.
Една мајка, Теша, која била фотографирана 26 недели по раѓањето, вели дека првично била „уништена“ и „засрамена“ од своето ново тело. Но, заклучила: „Учам дека ова сум новата јас сега. Моите стрии нема да одат никаде, ниту пак мојата лузна, туку се потсетници дека без нив немаше да имам син”.
Кесија, фотографирана 17 недели по породувањето, вели: „Отсекогаш знаев дека моето тело ќе биде различно по раѓањето, но не очекував дека на мојот ум ќе му треба толку долго за да се навикне“. Таа додава: „Сакав да учествувам за да им покажам на луѓето дека е нормално да се изгледа вака по раѓањето на бебето. Сакам да покажам дека бебето е поважно од физичките промени на телото!”

Ten new mothers, responding to open casting calls, took part in the Body Proud Mums campaign.

Sophie Mayanne, the campaign photographer, does not digitally retouch the subjects of her work.

Фотографиите и текстот се преземени од ТУКА.

loading...